Иако сеидбата на пченката доаѓа дури за еден месец, сега е вистинското време да се подготвите. Многу земјоделци во наредниот период планираат затворање на зимските бразди и предсеидбена подготовока на почвата. Производителот Милан Беговиќ од околината на Шабац оваа сезона планира да насее пченка на 12 хектари, а за неколку денови планира да започне и со затворање на зимските бразди за да ја сочува влагата во земјиштето.
-„ Доколку продолжи вака топлото време, одиме со дрљање, прва предсеидбена работа. Не ни одат во прилог овие температури. За време на сеидбата, а и во наредните недели би било убаво да имаме дожд, тоа многу би ни значело“, наведува Беговиќ.
Сеидбата годинава сепак ќе биде поскапа
Овој земјоделец сее различни сорти на хибриди но главно се фокусира на раните сорти ФАО 300 и 400 бидејќи изминатите години му покажале дека овие сорти за време на жетвата имаат пониска влага.
– „Ќе почнеме да сееме околу 20 март а помеѓу 5 и 10 април ќе имаме редовна сеидба. Важно ни е во почвата да има што помалку влага“.
Овој земјоделец напоменува дека оваа 2021 година ќе биде специфична, бидејќи ќе мора да издвои повеќе пари отколку претходната сезона.
Предсеидбената подготовка треба да се направи многу плитко
Дека раната сеидба е посакувана, потврдува и стручњакот за поледелство од Институтот за поледелство и градинарство во Нови Сад, Горан Бекавац.
– „Се покажа дека раната сеидба дава подобри резултати. Оптималниот рок е цел април. Главно почнуваме во првата недела на април но ако тогаш е студено, треба малку да се почека. Се додека температурата на почвата на длабочината на која сееме, не се стабилизира на 10 до 12 степени, не треба да се почнува“, напоменува Бекавац.
Иако овие денови следува затворање на браздите, Бекавац напоменува дека ни тоа не треба да се прави доколку влажноста на почвата не е адекватна.
-„Имаме уште доволно време и сигурен сум дека ќе има уште убави денови да се влезе во парцелата и да се заврши тоа. Пред самата предсеидбена подготовка би требало да се додаде дополнителна количина на азотни ѓубрива и тоа е главно се прави на крајот на март. Самата предсеидбена подготовка треба да се направи многу плитко, на само 10 до 15 см за да се формира растресит слој на земјиштето кое ќе му даде оптимални услови на зрното за никнување“, обајснува Бекавац и додава дека никако не треба да се користиат некои тешки тањирачи, затоа што на тој начин може само дополнително да се исуши земјиштето.
Ладното време добредојдено за предсеидбена подготовка
Мразот кој го иамвме пред една недела добро ни дојде, смета тој. Како што обајснува, посакуван е во овој период од годината бидејќи влијае на формирањето на фини, ронливи структури.
– „ Со појавата на мраз се разоруваат агрегатите на земјиштето и тоа ја олеснува работата на поледелците. Подготовката, после еден период со мраз кога имавме неколку дена со темепратури под нулата ќе влијае на затворањето на зимските бразди без никакви технички проблеми. Според тоа, студенот период што го имавме е добредојден во смисла на подготовка на земјиштето и никнување на младите растенија“.
„За сега на нивите има доволно“ , додава тој истакнувајќи дека ситуацијата, по тоа прашање е многу подобра од минатогодишната.
Бекавац им советува на производителите на пченката, никако да не ја сеат на пацели на кои имало шеќерна репка бидејќи според неговите зборови, во тој случај се постигнуваат најслаби ерзултати. Најдобро би било, вели, да се сее на посеви на кои имало соја бидејќи позади неа останува одредена количина на азот кој пченката подоцна го користи.
Извор: agroklub.rs
