Компирите во исхраната на говедата најчесто се користат свежи или термички обработени. Силажата од компири е исто така добра храна како и силажата од трева или пченка.
Силажата од компири со додаток на сено по хранлива вредност е приближна на пченкарната силажа. Компирот е растителна култура кој се одликува со високи приноси (и до 60 т/хa).
Во исхраната на говедата обично се употребуваат компири кои се оштетени при вадењето, ситни кртоли кои не се за исхрана на луѓето, како и вишокот компири од траповите во пролет.
Оштетените кртоли и лушпите од компирот прават 50% од компирот кој се користи за исхрана на говедата . Во поедини години се јавува и хиперпродукција на компири, па еден дел од вишокот може рационално да се искористи како сточна храна. Главно, во есен за исхрана на стоката компирот се употребува во свежа состојба или термички обработен, а во пролет преостанатата количина се силира или суши.
Исушениот компир не заостанува по хранлива вредност од `рж и јачмен. Загубите при чување на здравите компири во текот на зимата изнесува 8-10%, а кај оштетените и недозреани кртоли уште повеќе. При силирање на компирите загубите не се поголеми од 4-6%, а силажата може да се чува во подолг период и да се користи во кое било време од годината.
Преживарите одлично го варат и користат сировиот компир, додека за свињите е потребна претходна термичка обработка, најчесто варење. Доколку пред силирањето се врши парење на компирот, се заштедува 20-30% од топлинската енергија и околу 40% од работата во однос на секојдневното варење.
Силажа од компири со додаток на сува материја
За успешно силирање на компирите потребно е да се обезбеди 30-35% сува материја, а тоа најлесно се постигнува со додавање на 10-20% сечена слама или пченка, истакнуваат агростручњаците.
Во САД на компирите најќесто им додаваат 50% сено или 20% сено и 20% чист овес.
Силажата од компири со 50% сено, по хранлива вредност е приближна на пченкарната силажа.
Кај нас е испитувана силажата добиена од компир (80%) и сечено сено(20%).
Ваквата силажа кај товењето на телиња дава исти резултати како и силажата на пченка.
При користење на сеното од луцерка како сув додаток, силажата од компирот дополнително се збогатува и со протеини. Во бившиот Советскиот сојуз компирот се силирал со додаток на хемиски конзерванси и тоа соли на амонијак. Ваквата силажа е одлична за исхрана на преживарите, бидејќи непротеинскиот азот се користи за синтеза на високовредни протеини. Покрај ваквите додатоци, на силажата од компир се препорачуваа да се додаде и
Меласа (12-22 кг/т),
Иститнета репка (20-25%),
Комина од јаболка ,
остатоци од преработката на домати,
зелена маса од пченка или
комбинирање на компирот со легуминози и глави и лисја од шеќерна репка во однос 1:1 до 1:2.
Извор: poljosfera.rs
