Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како да се заштитат посевите со пченица од појавата на сива пегавост на листот?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Како да се заштитат посевите со пченица од појавата на сива пегавост на листот?
АгровестиРастително производствоСовети

Како да се заштитат посевите со пченица од појавата на сива пегавост на листот?

Објавено 25/02/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Доколку месеците мај и јуни изобилуваат со дожд, постои ризик од појава на сива пегавост на листот од пченицата што директно влијае на намалување на приносот, предвидуваат стручњаците за заштита на растенијата. 

Сивата пегавост на листот е болест која се јавува во насадот со пченица секоја година со различни степени на интензитет при што може да предизвика значајно намалување на приносот. Предизвикувач на оваа боелст е фитопатогената габа Mycosphaerella graminicola (синоним Septoria tritici) која предизвикува сушење на деловите на листот или цели листови и губење на тежината на зрното и приносот.

Симптомите прво се забележуваат на долните листови пченица во текот на есента во вид на хлорни дамки со неправилна форма. Внатре во дамките се формираат црни тела кои укажуваат дека растението е заразено со фитопатогена габи. Во текот на пролетта и почеокот на летото симптомите на сива пегавост на листот се најтипични.

Големите дождови во мај и јуни можат да ги намалат приносите?

Патогенот презимува на растителните остаоци и самоникнатите растенија и претставува примарен извор на инфекција. Во есен и пролет од нив се ослободуваат пикноспори и за време на дождовите со пренесување на капките дожд стигнуваат до листот и навлегуваат во растението низ стомините отвори при што настанува инфекција.

Доколку мај и јуни изобилуваат со дождови постои голем ризик од појава на сива пегавост на листот што директно влијае на намалување на приносите, предупредуваат стручњаците.

Заразата може да го намали приносот за 40 отсто, а загубите се најголеми доколку болеста се прошири при класење на растението и се развива токму во услови на зачестени дождови и студено време. Од инфекцијата до појавата на првите симптоми може да помине од 14 до 28 дена.

Како да се заштитат посевите?

Успешното спречување на појавата на патогени се постигнува со примена на интегрални мерки на заштита и тоа: плодоред, одгледување на толерантни сорти, уништување на растителни остатоци и хемиски мерки на заштита. Со достигнување на прагот на штетност потребно е да се применат хемиски мерки на заштита и тоа со препарати на база на хлороталонил, тиофанат – метил + епоксиконазол, азоксистробин+ципроконазол и други регистрирани препарати за уништување на пегавоста на листот. 

Извор: agroklub.rs

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:заштитапченицасива пегавост
Претходен напис Силажата од компири е добра храна за говедата – Совети за нејзина подготовка
Следен напис „Алкалоид“ лани со 210 нови вработувања, инвестиции од над 1,5 милијарди денари и со раст на продажбата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?