Основата за здраво растение е неговата физиолошка рамнотежа. Доколу дојде до пореметување на рамнотежата, билките го покажуваат тоа со одредени симптоми.
Кај зеленчукот, особено кај доматот и пиперката можни се големи проблеми кога им недостасува калциум.
Физиолошката промена при недостаток на калциум кај доматот се нарекува површинско скапување на плодот, а се забележува како темна дамка на дното на плодот, која подоцна премунува во темни округли прстени.
Ваквиот тип на оштетување е последица на недостатокот на калциум или неможноста за впивање на овој елемент од страна на растенијата среде високите температури и недостигот на влага во подолг временски период.
Делумно недостатокот на калциум може да се надомести со фолијарна прихрана, која во својот состав има калциум. Времето на примена на ваквиот вид на прихрана е почетокот на цветањето и во текот на цветањето, но ова средство најдобро се користи по анализа на земјиштето, бидејќи често во него го има овој елемент, но при недостаток на влага растението не е во состојба да го впие. Редовното полевање може да придонесе за подобро впивање на калциумот.
До појава на симптом на недостаток на калциум може да дојде и поради неправилно наводнување при високи температури, блокада поради вишокот азот, калиум или магнезиум или поради недоволно брзиот транспорт во плодови.
