Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ДЗИС и ФИТР со цел поттикнување иновации и афирмација на домашните компании
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ДЗИС и ФИТР со цел поттикнување иновации и афирмација на домашните компании
Агровести

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ДЗИС и ФИТР со цел поттикнување иновации и афирмација на домашните компании

Објавено 16/02/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Фондот за иновации и технолошки развој  и Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС) го потпишаа првиот Меморандум за соработка, со цел поттикнување иновации и афирмација на домашните компании и организации.

Соработката ќе се реализира преку организирање на активности за поттикнување на  заштита на иновациите, размена на информации, знаења и искуства, учество во работни тела и организирање на настани, инфо сесии, обуки, работилници и промоции.

“Очекувам ваквата соработка да придонесе за подигнување на свеста за потребата од заштита на иновативните производи и услуги на македонските компании, како и бенефитите кои произлегуваат од стекнувањето на заштитата. Со заеднички напори, размена на информации и идеи ќе овозможиме македонските иноватори да успеат и да станат поконкурентни на домашните и странски пазари.”, изјави Коста Петров, директор на ФИТР.

Тој додаде дека меѓусебната соработка помеѓу овие две институции ќе овозможи услови за зајакнување и развој на стартап заедницата и поддршка на иновативните умови.

Државниот завод за индустриска сопственост им дава силна поддршка на иноваторите, ги патентира нивните производи и ги стимулира за нови изуми кои најчесто наоѓаат примена во секојдневниот живот.

„Преку овој Меморандум на соработка верувам дека домашните компании се повеќе ќе ги заштитуваат своите производи, бидејќи патентот, трговската марка, индустрискиот дизајн, географскиот назив не само што ја јакне конкурентноста на претпријатието туку го зголемува угледот преку тоа што го докажува својот технички капацитет, инвентивноста и експертиза во областа во која тоа претпријатие работи“, изјави Горан Герасимовски, директор на Државниот завод за индустриска сопственост.

Со ваков пристап, Фондот за иновации и технолошки развој прави значителен чекор во поттикнување и развој и на македонската стартап сцена и поголем раст на домашните компании.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ДЗИСмеморандумсоработкаФИТР
Претходен напис Производството на храна за кучиња и мачки, во Србија станува профитабилен бизнис
Следен напис Петтиот пакет тежок 9,7 милијарди денари, директна помош и за фирмите и за граѓаните
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?