Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Петтиот пакет тежок 9,7 милијарди денари, директна помош и за фирмите и за граѓаните
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Петтиот пакет тежок 9,7 милијарди денари, директна помош и за фирмите и за граѓаните
Агровести

Петтиот пакет тежок 9,7 милијарди денари, директна помош и за фирмите и за граѓаните

Последна измена: 16/02/2021 14:56
Сподели
2 мин. за читање
Сподели

– Вкупно 9,7 милијарди денари или 160 милиони евра тежи петтиот економски антикризен пакет. Содржи 29 мерки, распоредени во четири главни столба: директна финансиска поддршка за компаниите во туризмот, занаетчиството, угостителството, транспортот, индустријата за организација на настани со цел задржување на работните места, финансиска поддршка за ликвидноста на приватниот сектор со бескаматни кредити со неповратна компонента, креирање поповолно деловно опкружување со системско редефинирање на Царинскиот тарифник, намалување на парафискалните давачки, даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки, како и директна помош за граѓаните, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

Заев на прес-конференција во Владата истакна дека 91,7 милиони евра од вредноста на пакетот се директни буџетски трошења.

-На денешната владина седница е затворен пакетот за стабилна и развојна македонска економија и за подобрување на ликвидноста на стопанството. Овој пакет директно се надоврзува на претходните четири и има за цел да ја придвижи економијата кон нам познатите стапки на раст од 4 – 5 проценти, односно на динамиката на раст што ја имавме пред пандемијата, рече Заев.

Поддршката од повеќето мерки, рече, ќе се користи до крајот на 2021 година за да имаат влијание и ефект врз економијата. Мерките се донесени низ дијалог и партнерство со сите  релевантни чинители – стопанските комори, работодавачите и синдикатите, како и изминатите четири пакети, проследени со сериозни анализи од институциите.

– Мерките ќе го заокружат процесот на директна поддршка со што преминуваме во фаза на излез и закрепнување од кризата. Тоа значи дека доаѓаме повторно во време на стабилност и развој, состојба која со овие мерки дополнително очекуваме да се стимулира. Со кредити со ниски камати и преку системски мерки согласно планот за раст на среден и долг рок, ќе биде поддржана економијата во целина. Очекуваме посериозни стапки на раст на БДП во вториот квартал на 2021 година, истакна премиерот.

На прес-конференцијата во Владата присуствуваат заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими и министерот за економија Крешник Бектеши.

МИА

Може да ви се допадне

Дурмиши: Нема драстично зголемување на цените на основните прехранбени производи
Во Демир Хисар се одржа Саем за пчеларство и пчелни производи
„Од нива до трпеза – сè од нашата општина“, промоција на македонски производи во Скопје
Мицкоски: Поддршка за земјоделството, да купуваме македонски производи
Во првиот квартал 5.717 купопродажби и 2.327 закупи на недвижности, запишани 2.596 хипотеки
Таг:граѓанидиректна помошзоран заевкрадитиПетти пакет меркифирми
Претходен напис Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ДЗИС и ФИТР со цел поттикнување иновации и афирмација на домашните компании
Следен напис ЗРСК “Шаран” го пориби Калиманско Езеро со 500 килограми крап
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?