Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на цените во земјоделството во јануари 2021 година, во однос на истиот месец од претходната година, кај инпутот е намален за 3.9 %, а кај аутпутот се бележи намалување од 2.6 %.
Во јануари 2021 година, во споредба со јануари 2020 година, индексот на цените на инпут 1 (тековно потрошени средства во земјоделството) изнесува 95.8, а индексот на цените на инпут 2 (средства наменети за инвестиции во земјоделството) изнесува 100.3.
Во делот аутпут, во јануари 2021 година, во споредба со јануари 2020 година, индексот на цените на растителното производство изнесува 97.0, а индексот на цените на добиточното производство изнесува 98.6.


Извор: Државен завод за статистика
