Кина резервирала 3,74 милиони тони американски залихи на пченка, а ќе откупи и 132 илјади тони соја.
Веста дека Кина резервирала најголема количина американска пченка во историјата, ја објави во јануари американското Министерство за земјоделие (USDA). Како главна причина го наведуваат наглиот пораст на побарувачката за сточна храна во оваа земја, која е на добар пат да стане најголем светски увозник на овој вид жито.
Станува збор за приватна продажба на 2.108 милиони тони во маркетиншката година 2020/2021 и втората некогаш забележана најголема дневна американска продажба. Доволно за тоа зборува и податокот дека го надминал единствено договорот од 1991 година, кога Кина од бившиот СССР нарачала 3,72 милиони тони од таа житарка. Како што јавува Ројтерс, оваа земја вкупно резервирала 3,74 милиони тони американски залихи, со што е заклучена една од најголемите недели на американскиот извоз на пченка. Треба да се додаде дека тогаш се купени и дополнителни 132 илјади тони соја.
Ова купување го поттикна растот на глобалните цени на житарките, а стручњаците сметаат дека би можело да ја покрене и инфлацијата на храната и тоа во државите кои се веќе тешко погодени со пандемијата на корона вирусот.
„ Увозот на оваа полјоделска култура во оваа земја би можел да се искачи на 25 до 27 милиони тони во тековната жетвена година, вклучувајќи 18 до 20 милиони од САД“, изјави Ден Басе, претседател на компанијата „AgResource Co“. Токму тоа би ја направило најголем светски купувач на пченка.
Увозот во ЕУ и понатаму има предност
Една година пред тоа Кина увезла само 7,6 милиони тони, од што е видливо дека сега станува збор за тројна количина, а аналитичарите тврдат дека американските залихи се повеќе од доволни да ја задоволат сè поголемата побарувачка.
Принудени се да ги увезуваат житарките, бидејќи нивните посеви настрадаа поради невремето и сушата. Па затоа, залихите на домашниот пазар станаа сè помали и недоволни за да ги прехранат сè поголемиот број стада свињи на чие заздравување се работи интензивно.
„Тие напредуваат побрзо отколку што повеќето мислеа“, изјави Џек Сковил, аналитичар на групата Price Futures. Меѓутоа, да потсетиме, мутираните видови на вирусот на африканска свинска чума, кои се резултат од користење на незаконската вакцина, би можело повторно да го ослабат производството. Треба да се напомене дека наведената продажба следувала после наглиот пад на цената на терминскиот пазар што на Кина и отвори можност за купување. Но, после договорот со САД цените повторно почнаа да растат. Според статистичките податоци, Европската Унија е сè уште најголем увозник на пченка, со годишни 20.500 тони.
Извор: agroklub.com
Кина резервира историска количина пченка за увоз
Остави коментар
Остави коментар
