Министерството за Економија, со цел поттикнување на развој на туризмот во руралните средини предвидува финансиска поддршка при градење или адаптација на селски домаќинства кои ќе даваат угостителски услуги во согласност со Правилникот за начинот и поблиските критериуми за добивање на ознаката во селските домаќинства во руралните средини.
Финансиската поддршка во износ од 60% од докажаните трошоци, но не повеќе од 200.000,00 денари, ќе биде наменета за набавка на опрема и инвентар, реконструкција како и за уредување на просторот на селски домаќинства.
Критериуми кои треба да ги исполнат домаќинствата се: објектот да е уреден и опремен согласно традицијата на крајот во кој се наоѓа, да подготвуваи послужува топли и ладни јадења, пијалаци и напивки вообичаени за крајот во кој се наоѓа селското домаќинство, да нуди услуги за сместување (најмногу до 5 соби), надворешниот изглед на куќата да биде без оштетување и знаци на дотраеност, а околината да биде уредена. Ваквите семејни домаќинства ќе добијат ознака на која има „сончоглед―, како потврда дека станува збор за селско домаќинство во рурална средина кое врши угостителска дејност.
Со поддршка на селските домаќинства се обезбедува самовработување за лица во рурални средини и зголемување на автентична туристичка понуда, со можност за промоција на локалните вредности.
Оваа активност ќе се реализира во периодот од месец февруари до месец октомври 2021 година.
Вкупно планирани средства 5.000.000,00 денари


Како да се аплицира за средстваата на развој на селскиот туризам
Повеќе информации ќе добиете на 071 381 453 Агрокултура консалтинг. Поздрав
Како да аплицираме за средствата
Повеќе информации ќе добиете на 071 381 453 Агрокултура консалтинг. Поздрав