Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Напредни лозари” со предлози и барања до министерот Хоџа за подобрување на условите во лозарството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Напредни лозари” со предлози и барања до министерот Хоџа за подобрување на условите во лозарството
Агровести

„Напредни лозари” со предлози и барања до министерот Хоџа за подобрување на условите во лозарството

Објавено 28/01/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Формирање фонд за исплата на грозјето од околу 30 милиони евра, информации за откупната цена на винските сорти најдоцна до крајот на јуни тековната година и обезбедување алтернативен извоз ако цените се ниски, враќање на персоналниот данок на регистрираните земјоделци најдоцна до јуни наредната година, исплаќање на заостанатите субвенции во најбрз можен рок, исплата на редовните субвенции за одржување на лозовите насади до „Свети Трифун”, 14 февруари и параралено реализирање на дополнителната поддршка.

Ова се само дел од барањата на регионалното здружение „Напредни лозари” од Кавадарци, упатени директно до министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа.

Според Здружението, цените на грозјето се ниски, а причините за тоа се непазарно работење и затвореност на пазарот. Винариите се договараат за откупната цена и ја објавуваат во последен момент, кога лозарите веќе мора да го берат грозјето.

Дополнителен проблем, додава „Напредни лозари”, и натаму е вишокот грозје за кој  преработувачите не се заинтерсирани зашто им оди во прилог, ја снижува откупната цена, а може да се реши веднаш, со преработка во дестилат.

Наспроти ваквата ситуација во лозарството, не работат и двата големи капацитета – винариите Кокино и Џумајлија, со капацитет од 32.000.000 килограми, укажува здружението.

– Кога има вишок грозје доаѓа до намалување на цената, а тоа доведува до неекономично работење на лозарите. Нивните долгогодишни насади во кои многу инвестирале се осудени на пропаст. Кога има вишоци, предлагаме државата да изврши интервентен откуп, но да не им направи конкуренција на винариите во делот на наливното вино, туку тој вишок да го направи дестилат. Нема да ја чини многу, а со неговата продажба ќе оствари и заработувачка. Дестилатот не е како виното, со рок на траење и скапо одржување, туку има неограничен рок и лесно се чува и продава, велат од здружението.

„Напредни лозари” обвинува дека државата сака грозјето да се преработи дома зашто од тоа има интерес и субвенционирањето го врзува со предадено грозје во домашните винарии.

– Извозот на грозје е во неповолна положба во однос на домашните винарии. Домашните винарии  ја злоупотребуваат подршката на државата, а тоа оди на штета на лозарите. Доказ за ова е што цената на грозјето во соседните држави е двојно повисока и тоа за послаб квалитет, коментираат од „Напредни лозари”.

Во врска со барањето да се формира фонд само за исплата на предадените количини, здружението објаснува дека има проблем во договарањето помеѓу винариите и лозарите. Фондот, објаснуваат од здружението, не би бил посебна институција, туку би го управувала Македонската банка за поддршка на развојот (МБПР).

– Во член 55 од Уставот стои пазарно договарање. Но, има проблем во договарањето меѓу винариите и лозарите. Винариите се многу моќни и ги наметнуваат нивните интереси, секогаш меѓусебно однапред договорени на штета на лозарите. Државата треба да го регулира ова. Паметна, одржлива мерка е формирање фонд за исплата на грозје. Тоа не значи формирање нова институција зашто фондот нема да биде институција. Институцијата ја имаме, тоа е МБПР. Таа треба да го менаџира фондот. Фондот би требало да биде околу 30 милиони евра. Државата треба да наложи, ако винарската визба сака да откупува грозје, мора да склучи договор со фондот. Винариите склучуваат договор со фондот, а фондот им издава лиценца за откуп на грозје, но истовремено винариите треба да остават гаранција (хипотека) во фондот, истакнуваат од Здружението и додаваат дека целта е исплатата на преземените количини грозје да биде веднаш по продажбата.

Лозарите бараат и редовно информирање од страна на Министерството за земјоделство, да добиваат навремени податоци поврзани со лозарството не само, како што велат, за подобро одгледување на оваа култура, туку и за планирање на производството.

– Лозарите немаат доволно информации за да можат да планираат за во иднина. Сакаат да знаат колку грозје од одредена сорта има и колку се бара од винариите. Сакаат да добиваат податоци за планирани количини за преработка на винско грозје по сорти во тековната година од винариите и трговците, стои во писмениот документ на „Напредни лозари”.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Арјанит Хоџабарањалозарствонапредни лозариуслови
Претходен напис Правилна вентилација за добро презимување на пчелите
Следен напис Сирење со врвен квалитет и вкус кој потсетува на кајмак – Ново во Етно село во блзина на Врање
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?