Изградбата на најголемиот европски комплекс за производство на свинско месо се ближи кон крај. Станува збор за инвестиција на еден од најголемите руски производители на свињи – “Miratorg”. Комплексот се гради во регионот Курск, во западниот дел на Русија, на нешто повеќе од 100 км оддалеченост од границата со Украина.
– „Ќе се преработува месо од 4,5 милиони грла годишно“, изјавил Роман Старовојт, гувернер на Курската област. Меѓутоа, на инвеститорите не им оди се по план кога се во прашање трошоците за изградба.
Првата фаза на работа на фабриката за преработка која од самиот град Курск е оддалечена 30-ина км, започна минатата година додека годинава се очекува да започне со работа линијата за колење и сечење на месото.
Целта на стратегијата на оваа компанија е да обработи месо од 7,7 милиони грла годишно, а се планира и да се воспостави и производство на житарици за крмни смеси. Во таа руска област ќе бидат изградени нови копелкси на свињарски фарми и планираат годишно да производуват и да преработуваат на 503.000 тони од овој вид на месо. Како што напоменуваат, ќе се користат модерни технологии кои ќе им помогнат во контрола на трошоците, но и ќе гарантираат помало влијание на околината и климата.
На крајот на декември минатата година “Miratorg” извести за избувнувањето на африканската свинска чума (AСТ) на една од своите фарми. Но, подоцна не обајвија колку животни морале да усмртат и дали избувнувањето на болеста влијаела на нивниот синџир на набавка. Тоа е петто по ред забележано појавување на AСТ во тој регион во рок од два месеци, што оваа област ја вбројува во високо ризичните подрачја.
На средината на ноември во тој дел на Русија епидемијата ја погодила фармата на компанијата “Reut” каде морале да еутанизираат 20.000 свињи. Беше тоа една од најголемите по обем зарази забележани во Русија во текот на минатата година. Се смета дека од тогаш болеста почнала да се шири во западниот регион.
Најголема фарма за кози
Во случајот “Miratorg” не очекуваат сериозни последици иако ситуацијата со овој вирус би можела да ги забави развојните планови на компанијата и да ги поремети трговските односи.
Да потсетиме дека, во Русија се гради и фарма за кози која ќе ја однесе титулата за најголема во оваа земја. Во неа ќе се одгледуваат 20.000 од овие животни и тоа за производство на млеко, а проектот е проценет на околу 50 милиони евра.
Извор: agroklub.rs
