Предлог-измените на Законот за Развојната банка, со кои треба да се операционализира гарантниот фонд, денеска поминаа на собраниската Комисија за финансирање и буџет по што треба да се најдат на усвојување на пленарна седница, пишува Независен.мк
Гарантниот фонд за кој се обезбедени средства во висина од 10 милиони евра ќе функционира во рамки на Развојната банка, а целта е да се олесни пристапот до финансиски средства за микро, малите и средните претпријатија во услови на отежнато работење и намалени приходи и ликвидност поради пандемијата на Ковид -19.
– Со предложеното законско решение се формира гарантен фонд кој преку издавање на гаранција за веќе одобрени кредити од банки и штедилници ќе им помогне на микро, малите и средните претпријатија за напречено функционирање на тековните активности и потреба од обртен капитал како и на издржани бизнис проекти за купување на основни средства. Гарантиниот фонд ќе се организира во рамки на Развојната банка која има изградено инфраструктура и стручен кадар. Средствата за отпочнување на гарантниот фонд во висина од 10 милиони евра се веќе обезбедени во Буџетот што значи со минимални трошоци за институциоинализација на фондот, тој ќе стане оперативен веднаш по неговото усвојување, појасни заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски пред членовите на Комисијата за финансирање и буџет.
Информацијата во целост на следниот линк
Одлична најава за сите правни субјекти кои се корисници на ИПАРД Фондот, напиша на Фејсбук Никица Бачовски, директорот на Платежната агенција и ја потенцираше важноста од формирањето на гарантниот фонд.

Се очекува гарантниот фонд преку издавање на гаранција за веќе одобрени кредити од банки и штедилници да им помогне на микро, малите и средните претпријатија за напречено функционирање на тековните активности и потреба од обртен капитал како и на издржани бизнис проекти за купување на основни средства.
