Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бисерка – африканска кокошка, едно јајце едно евро
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Бисерка – африканска кокошка, едно јајце едно евро
Магазин

Бисерка – африканска кокошка, едно јајце едно евро

Објавено 25/10/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Африканската кокошка или кај нас позната како бисерка е вистински чувар на дворовите од змии, гуштери, скакулци и други штетници. Таа има необичен глас со кој ги предупредува и другите жители во дворот дека се заканува опасност.

„Многу е интересна, убава и пријателски настроена кон останатата живина”, вели Љубомир Стојановски, кој 20 години ја одгледува оваа сорта на кокошки.

„За прв пат ги видов во населбата Ергеле при посета на мој пријател, кој исто така е голем љубител на животни и ми го објасни начинот на одгледување. На заминување, пријателот ми подари еден пар бисерки и така започна моето долгогодишно другарување со нив. Јас сериозно се нафатив да ги запознаам нивните карактеристики и да ги одгледувам со посебна љубов”, објаснува Стојановски.

biserka 4

Бисерките се чуваат во јато од 5 до 10, а на еден мажјак се чуваат 2-3 женки. Бисерката е тешка околу 1,5 килограми, а на секој пердув има бела точка како бисер по што го добила името бисерка. Женката носи 25-30 јајца годишно. Инкубацијата трае 27-29 дена. Јајцата имаат тврда лушпа и женката треба да има вода во близина за да не се запечат јајцата. Друга карактеристика е тоа што ги кријат јајцата, па е тешко да се најдат.

biserka jajca

„Ако нема некоја од женките, очекувајте дека таа ќе се појави со 10-15 млади. Најтешко е распознавањето на половите. Мажјакот има црвени реси и ги носи како обетки, додека кај женката се припиени кон вратот и се помали. Бисерките имаат „рокче” така што мажјакот меѓу двете реси има темновиолетова кожичка веднаш под клунот кај вратот којашто е карактеристична само за мажјаците”, објаснува Љубомир.

biserka 3

Цената на бисерките се движи од 10 евра за обичните и 20 евра за белите, а јајцето се купува за едно евро. Бисерката има најјако јајце во споредба со другата живина.

„Ако се пуштени, спијат на дрво, летаат праволиниски како фазанот, од 50 до 100 метри. Брзо трчаат и можат да одат до пет километри во далечина”, вели Љубомир кој истакнува дека покрај сите полезни карактеристики што ги имаат, тие претставуваат вистински одмор за очите.

biserka

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:бисеркаевроженкијајцекокошка
Претходен напис Опасности и несреќи на деца на фармите
Следен напис Топла и долга есен предуслов за појава на штетни глодари во нивите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?