Во организација на платформата Агротим, Преработувачката индустрија „Кристал 1923“, Асоцијацијата на производители на сончоглед, компанијата „Биспромет Агроцентар“, а со поддршка на МЗШВ, проектот договорно производство на сончоглед продолжува и во 2021 година.
Земјоделците добиваат регрес семе, а во договорот има и загарантирана откупна цена која ќе ја соопшти откупувачот во наредниот период.
Висината на субвенциите за 5 до 50 ха изнесува 23. 160 денари од хектар (со сертифициран семенски материјал и принос над 1.500 кг од ха)
Договорите се склучуваат директно меѓу откупувачот „Кристал 1923“ и земјоделците во термини кои ги објавува откупувачот.
За повеќе информации контакт 075 493 949 и 078 204 766
Асоцијацијата на производители на сончоглед ви стои на располагање за сите потребни информации околу проектот, начинот на склучување на договорот со „Кристал 1923“, едукација и застапувањето на интересите на членовите на асоцијацијата пред институциите на државата. Телефон за контакт 075 – 301 304
Компанијата „Биспромет Агроцентар“ посредува во склучувањето на договорите на земјоделците од пелагонискиот регион со откупувачот „Кристал 1923“. Телефон за контакт 075 207 095
