Почитувани пријатели, кон самиот крај на годинава сакам да споделам уште еден успешно завршен проект на кој со моите соработници работевме изминатиов период.
Макпрогрес Виница иако веќе е интернационална компанија, својата инспирација ја црпи во регионот во кој е основана и е своевиден промотор на домашната економија во светот.
Вчера во Хотел Ресторан Александар Парк Виница ги претставивме двете нови вина на пазарот, БЕЛ КАМЕН и ЦРН КАМЕН под брендот KRŠLA Vinyards.

Со соработката која после празниците ќе ја поттикнеме со локалните лозари, винските стручњаци, писателите, поетите и уметниците од Виница и регионов верувам дека ќе успееме во крајната цел, а тоа е да го направиме нашиот регион светски познат вински регион со признат квалитет и препознатливост.

За претстојните празници наздравете одговорно со вината КРШЛА.
Фејсбук статус на Глигор Цветанов – МАКПРОГРЕС

