Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Со 35 милиони евра ќе се реализираат 99 инфраструктурни проекти во 75 градови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Со 35 милиони евра ќе се реализираат 99 инфраструктурни проекти во 75 градови
Агровести

Со 35 милиони евра ќе се реализираат 99 инфраструктурни проекти во 75 градови

Објавено 27/12/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Портпаролите на Владата на Република Северна Македонија, Муамет Хоџа и Душко Арсовски, на денешната прес-конференција ги презентираа детали од одлуката за прераспределба на парите од концесионерот „ТАВ“, кои беа наменети за изградба на карго аеродром во Штип, а сега со нив ќе се финансираат проекти низ целата држава. 
Како што истакна Арсовски, со  35 милиони евра почнува реализацијата на 99 инфраструктурни проекти во 75 градови. 
Станува збор за реализација на инфраструктурни проекти кои ќе им го подобрат квалитетот на живеење на граѓаните. Парите се наменети за изградба на водоводни мрежи, фекална и атмосферска канализација, реконструкција на локални патишта, доизградба на детски градинки, реконструкција на основни и средни училишта, резервоари за вода, системи за водоснабдување и останати проекти.
Портпаролот Хоџа, презентираше дел од проектите предвидени со оваа пренамена. 
Над 1 милиони евра ќе добијат: Шуто Оризари, Штип, Чаир, Струмица, Тетово, Кичево, Струга за проекти кои ќе го подобрат квалитетот на живеењето на граѓаните.
Градот Скопје ќе има на располагање над 6 милиони евра за два проекти: kлучката „Момин Поток“ и мостот „Карпош“.  
Во Тетово со вкупно 1,1 милион евра ќе се реконструира училиштето „Кирил Пејчиновиќ“ и ќе се изгради патот „Благоја Тоска“. 
И Кичево со 1,1 милион евра следната година ќе реализира 4 проекти: Реконструкција на Центарот на градот, капела кај православните гробишта, центар за кучиња скитници и блок А, Б, В и котлара.
Во Струмица парите ќе бидат насочени за регулација на порој „Св. Илија“ на потег од базна преграда до слив на река „Водочница“ во Општина Струмица со вкупна проектирана вредност од 1,4 милиони евра.
Во Штип ќе се гради линија 2 со резервоар „Мерите“ – Општина Штип, во вредност од 1,2 милиони евра. 
Со 1,1 милион евра ќе се гради атмосферска канализација во Општина Шуто Оризари, и тоа на 4 улици. 
Во Струга со над 1 милион евра ќе се градат неколку патишта на територијата на оваа општина.
Општина Чаир парите од 1 милион евра ќе ги насочи за да се реконструираат дел од  водоводните мрежи како и мрежите за канализација и фекални води.
Според договорот со компанијата „ТАВ“ склучен во 2008 година и дополнет со 4 анекси, беше предвидено со 49 милиони евра да се изгради и карго аеродром. Промената е направена врз основа на анализа за проценка на економска оправданост од февруари 2020. 
Евентуалната позитивна разлика помеѓу проектираната и изведбената цена, ќе биде уплатена на посебна сметка на Генералниот секретаријат на Владата и парите ќе бидат наменети за чистење на линданот од кругот на фабриката „ОХИС“.

Во прилог документ со листа на предвидени проекти.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:градови
Претходен напис Нови вина на пазарот: БЕЛ КАМЕН и ЦРН КАМЕН под брендот KRŠLA Vinyards,уште еден успешен проект на „Макпрогрес“ Виница
Следен напис Директорот на Платежна агенција од вечерва на земјоделска дебата со твитерџиите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?