Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Малините ги заменуваат земјоделските култури во Полошко
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Растително производство > Малините ги заменуваат земјоделските култури во Полошко
Растително производство

Малините ги заменуваат земјоделските култури во Полошко

Објавено 23/10/2019
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Се повеќе луѓето кои се занимаваат со земјоделство и сточарство во Полошкиот регион започнуваат со одгледување малини. Наместо нивите и имотите со луцерка, компири и слично, се засадува малина, која се смета за доходовна култура, а пласманот е претежно за странските земји. Со единствениот откупувачки центар ЛК „Распбери“ лоциран во тетовско Јанчиште сè повеќе земјоделци се договараат да произведуваат малини и да бидат нивни кооперанти.

Сопственикот на центарот Синиша Серафимовски започнал сам со производство на малини во 2015 година, а оттогаш, поради големата побарувачка, го проширува сопственото производство, но и бројот на соработници на други површини што го произведуваат ова овошје.

– Малините на мојот имот се засадени во 2015, а првата берба ја имавме во 2017 година. Обезбедивме пласман низ цела Македонија, но и во странство, а поради големата побарувачка овие неколку години ги зголемив површините. Започнатата соработка со други производители исто така сè повеќе се зголемува, па сега веќе откупуваме малини од 17 кооперанти од целата држава, вели Серафимовски.

За да го почне бизнисот тој купил нива во Јанчиште од 15.000 квадаратни метри, а потоа, согледувајќи дека има потреба од уште место за производство, купува уште толку, па сега има вкупно 30.000 квадратни метри сопствена површина каде што одгледува малини. Кооперантите со кои соработува даваат малини од дополнителни 75 илјади квадратни метри, или вкупно околу 105 илјади квадратни метри.

– Пред две години имаше род од 40 тони, 2018-та се дуплираше на 80 тони. Годинава очекуваме 130 – 140 тони малини на сите површини заедно со кооперантите. Просекот на производство е околу 20 тони на еден хектар или 1.000 квадратни метри. Кога еднаш се засадува малината, дава род 25 години. Првата година се раѓа стеблото и веќе во текот на втората се раѓаат плодовите. Се разбира, во текот на годината се поткаструва родната гранка и се фрла, а нови малини даваат младите ластари, вели тетовецот.

Постојат повеќе поволности за луѓето кои сакаат да се преструктурираат во земјоделското производство или да започнат да произведуваат малини.

– Инвестицијата на секој иден кооперант е едно евро по еден квадратен метар со тоа што државата потоа субвенционира половина. Потоа се добиваат 50 илјади денари по хектар за одржување и три денари по килограм за предаден откуп. Исто така имаме помош и од американската агенција за меѓународен развој УСАИД. Втора година по ред имаме договор со кој донираат систем за наводнување „капка по капка“. Иако откупувачкиот центар е како фирма, сепак работиме како задруга, бидејќи заедно со кооперантите ја одредуваме цената што ќе се понуди за продажба. Се знаат трошоците и заработката, објаснува тетовскиот бизнисмен.

Стефановски смета дека одгледувањето малини може да стане носечка култура во производството и пласман на овошје. Плодната почва и водата, која ја има барем во Полошкиот Регион, е можноста што ја имаат луѓето од овој крај.

– Минатата година речиси целото производство го пласиравме само во Германија. Да има уште само таму може да се продаде. А има можност за пласман и во другите земји. Србија приближно има 200 милиони евра приход од извоз. Ова е одлична можност за заработка кај повеќе луѓе, да се реши прашањето на егзистенцијата наместо да се заминува во странство. Јас се одлучив за производство на малини поради добар „есап“. Инвестицијата се враќа само по година и половина, за разлика од други популарни култури, како лешници, каде што треба да се чека повеќе години, смета Синиша.

Во фирмата на Стефановски работат 10 луѓе и сезонски уште 40 берачи, додека кооперантите имаат свои вработени. Има и ладилник на имотот во Јанчиште со капацитет до 300 тони малини.

– Плановите ни се да достигнеме и до 500 тони малини, а потоа да се прошируваме и на производство на продукти од ова овошје, како џем, слатко, сокови и слично, рече Стефановски.

Во Полошкиот Регион се одгледува малина од сортата „виламед“, застапена во околу 80 отсто од светското производство. Потребно е да се одгледува на пропустлива почва, да не биде црвеника или глина.

Се смета дека е најотпорна на ниски температури и болести. Дава принос од 20 тони од хектар. Се работи од средината на февруари до средина на ноември. Може да се постави заштитна мрежа за да не биде оштетена малината од град, мраз и УВ-зраци.

Малината созрева за берење околу први јуни и се бере триесетина денови. Мора да се собира во период од 5 до 11 часот и по 15 часот да се избегнат високите температури што ја оштетуваат. Годинава поради пониските температури ќе доцни околу две недели.

Кога се бере се става на разладување во ладилник на четири степени, па потоа се „шокира“ на минус 37 степени и се замрзнува. Се шокира свежа и со тоа се зачувуваат сите здрави и корисни состојки.

MИА

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Инвестиција од 5.000 евра и шест пати поголема добивка: Производството на лук во Србија станува сè попрофитабилно
Одгледување на малини – како да постигнете стабилен и висок принос
Македонија шеста најсиромашна земја во Европа!
Закрепнување на ВИНОВАТА ЛОЗА по период на доцни пролетни мразеви
Таг:бербамакедонијамалиниорганскопазариповршиниполошкоцена
Претходен напис Илијев: Од рурален развој досега добивме 53 милиони денари за изградба на нови локални патишта во Кочанско
Следен напис Селами: Полошкиот Регион ќе развие 13 проекти со буџет од 194.922.194 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?