Недалеку од романскиот град Сибиу, сместено во подножјето на планинскиот врв и веднаш покрај реката, се наоѓа едно необично село. На прв поглед изгледа како од слика од некоја бајка, но ако подобро погледнете, ќе видите дека станува збор за вистински објекти во кои можете дури и да живеете. Зошто ова село го обожаваат многу туристи?
Ако името на ова село се преведе на наш јазик, тогаш би било „Замок од глина во долината на самовилите“. Од самото име, може да се насети главната идеја на оваа туристичка атракција, а тоа се природата и природните материјали. Со спојување на вода, земја и дрво, се создадоа колиби за кои многумина велат дека ги потсетуваат на домовите на некои митски суштества. Која приказна се крие зад вакво место?
Заситени со животот во метрополата, еден брачен пар од Букурешт решил да се врати во природата и да живее во согласност со нејзините правила. По професија хортикултурен техничар, Разван Васил купил парцела во 2004 година, а подоцна започнал да го гради својот „замок од глина“ и заедно со сопругата и синот целосно го напуштиле животот во градот. Разван, за реализација на овој проект имал помош од архитект кој имал искуство со градење од природни материјали.
.
Неговата идеја била да создаде село каде што ќе може да живее со семејството, но и да биде домаќин на туристи кои ја сакаат природата. Тој ја купил оваа земја заради локацијата, планината и реката, но и поради атмосферата што се чувствува веднаш штом дојдете овде. Подоцна, тој се обидел да им го пренесе тој мир на луѓето што доаѓале да го видат ова место. Според бројот на туристи кои го посетуваат „глинениот замок“, може да се каже дека тоа му успеало. За викендите е преполно, тогаш цели семејства доаѓаат да го поминат денот овде.
Иако изградбата на овој проект започнал во 2014 година, работите се уште не се завршени. Колибите не се подготвени за ноќевање на гостите, но се планира да се започне со таа услуга што е можно поскоро. За во иднина предвидена е и изградба на ресторан и игралиште за деца, со што ќе се обезбедат дополнителни содржини за посетителите.
Извор: Агрмедиа
