Руралниот туризам може да биде многу „погодна почва“ за започнување профитабилен бизнис. Во овие 12 чекори, дознајте ја тајната на успехот за развој на туризмот во руралните области.

За да започнете бизнис во рурален туризам, потребно е следново.
1. Дознајте што сакаат вашите клиенти
Каков ќе биде вашиот бизнис зависи од тоа што сакаат вашите клиенти: дали тие сакаат да гледаат, да чувствуваат, да купуваат, да учат или да стекнат чувство за зачувување на природните и културните добра или едноставно сакаат да уживаат.
2. Пронајдете партнери за производи од руралните средини
Значи, не само што ви се доволни хотелиерите и компаниите кои обезбедуваат транспортни услуги, туку ви требаат и одредени спа центри, винарии, мали фирми кои продаваат сувенири, занаетчии, музеи, библиотеки, производители на органска храна и др.

3. Дефинирајте просторна рамка за вашиот производ
Треба да одлучите дали руралниот туризам што ќе го развивате, ќе биде само во вашата земја, одреден регион или пак некоја друга дестинација. Потоа одлучете се дали ќе вклучите спа центри, или на пример посета на одредени места каде што се одржува некој настан.
4. Пронајдете нешто повеќе во рамките на производот за да добиете додадена вредност
Овде можат да бидат опфатени пешачки патеки во природата наменети за берење лековити билки и печурки, гастрономија на традиционален начин, нудење сувенири, традиционални занаети или народна архитектура.
5. Обезбедете го вашиот производ со квалитетна инфраструктура
Без добра инфраструктура, вашиот производ нема да биде подготвен за пазарот. Во согласност со инфраструктурата, можете да понудите сместување, храна, транспорт, водичи и аниматори.

6. Дефинирајте го пазарот
За да успеете да започнете бизнис во рурален туризам, вашиот уникатен производ треба да биде на списокот со 10-те најпосакувани дестинации во земјата или регионот што секој би сакал да ги посети.
7. Поставете го производот на пазарот
Прашањето е дали сакате вашиот производ да стане бренд на пазарот. Ако сакате, тогаш ќе мора да играте на картата за привлечност и автентичност на производите на пазарот.

8. Рекламирајте го и промовирајте го вашиот туристички бизнис
Многу е важно да го рекламирате вашиот бизнис насекаде и на сeкој можен начин. Најевтината опција за да го направите ова е преку Интернет и социјалните мрежи.
9. Бидете иновативни
Обидете се da понудите дополнителни информации и содржина, реклами, попусти.
10. Бидете одговорни
Секој производ од руралните средини или рурален туризам треба да ја промовира културата и начинот на живот на луѓето во земјата каде што се наоѓа производот.
11. Помислете на иднината
Треба однапред да размислите што ќе им оставите на идните генерации, дали она што вие го нудите е одржливо и дали дава придобивки за производителите и потрошувачите на долг рок. Како ќе изгледа и дали може да преживее во следните 20 години.

12. Промовирајте ги вашите услуги
Размислете како потенцијалните туристи можат да дознаат за објектот и услугите што ги давате. Како и кој ќе (или кој треба) да го промовира вашето семејно домаќинство? Носители на промотивни активности воглавно се: туристички организации – ТО (локални или регионални ) како и туристичките агенции.
Извор: Агромедија
