На пазарот во Србија е лансиран нов бренд на премиум ракија со име „Шамар“. Овој бренд го развила дистрибутерската компанија „G3 Spirits“, а концептот е многу интересен: невообичаена комбинација на слива и дуња и привлечен дизајн на шишето кои го потенцираат урбаниот момент кај потрошувачите на ракија.
-„Шамар, е нов бренд кој го почитува наследството и традицијата на ракијата на овие простори, но исто така донесува зрак свежина и иновација во урбаниот, динамичен и модерен ноќен живот. За прв пат една ракија во себе има комбинација и тајна доза на два видови овошје, основата е слива лесно проткаена со нота од дуња, создадена со една цел, а тоа е да даде незапамтено искуство на задоволство. Горди сме што можеме да кажеме дека успеавме да создадеме префинет пијалок , но и бренд кој е пред се автентичен. На тој начин овозможивме да стане прв бренд на ракија кој ќе се служи и во врвните ноќни клубови и барови, рамо до рамо со некои од најголемите светски бренд икони. Може да се служи во чаша разладена со мраз, или во вашиот омилен микс и коктел“, наведуваат во G3 Spirits и додаваат:
– „Да се зачува трдиционалната категорија, наследството и значењето на ракијата за нашата територија и народ и од неа да се отстрани слојот „прашина“ која ја опкружува и да се преоформи како пијалок на иднината, беше тешко, но беше и голем предизвик. „Шамар“ е иновативен производ и бренд во сите аспекти. „Шамар“ е спој на традиционалното и модерното во едно шише, урбан член на друштвото кој креира свои правила и ве повикува да го направите истото“, велат од големата дистрибутерска куќа, повикувајќи да уживате во оваа ракија со добро друштво.
Извор: vinoifino.rs
