Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Под кора – најбрз и наједноставен начин на прекалемување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Под кора – најбрз и наједноставен начин на прекалемување
Совети

Под кора – најбрз и наједноставен начин на прекалемување

Објавено 22/10/2019
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во практиката често се јавува потреба во насадите од јаболка да се врши прекалемување на овошките. Причините за прекалемувањето може да бидат различни: при недостиг на садници од бараната сорта да биде посадена друга сорта, по грешка посадена друга сорта, неродност на сортата, обезбедување поволни опрашувачи, чувствителност на посадената сорта на болести, штетници, мразеви и други непогоди, лош квалитет на плодот, плодот од таа сорта не е баран на пазарот, желба за воведување нова квалитетна сорта и др. Прекалемувањето може да се врши на млади непрородени или, пак, на постари родни овошки.

Прекалемувањето на овошките се врши напролет, во март-април, кога ќе започне движењето на соковите, се до почетокот на цветањето. Колку порано ќе се изврши прекалемувањето, толку поголем прираст ќе имаат калемите. При подоцно прекалемување резервната храна од коренот и стеблото оди во круната и при скратувањето на гранките таа се отфрла.

За пролетното прекалемување, калем-гранчињата се собираат во февруари, пред потерувањето на пупките. Гранчињата се чуваат до половина затрапени во песок, сместени на позасенчено место. Во песокот треба да се одржува доволно влага. Многу подобро е ако калем-гранките се чуваат во ладилник на температура од – 20С. Во овој случај гранчињата се врзуваат во снопчиња, се навлажнуваат и се ставаат во црни пластични ќесиња. Вака спакувани, калем-гранчињата може да се чуваат до крајот на мај. Калем-гранките треба да бидат развиени 8-10 мм, добро созреани, здрави и собрани од периферијата на круната.

Кога имаме посадено садници од друга сорта, прекалемување може да се изврши напролет истата година, по садењето. Потребно е само да се причека садниците да се примат и да започне движењето на соковите. Во ваквите случаи калемењето се врши на висина на стеблото односно на 40-50 см од спојното место. Начинот на калемење зависи од дебелината на садницата, а се врши со проста или англиска спојка кај потенки (до 10 мм) и странично спојување кај подебели садници.

Прекалемувањето на постари родни овошки е биолошки и економски оправдано само ако овошката не го поминала половината од својот век на експлоатација. Постарите овошки потешко ги поднесуваат направените рани од пресеците, имаат послаб пораст на кале- мените гранки, потребно е повеќе време за обновување на круната и останува краток период за користење на плодовите од новата сорта.

Прекалемувањето на постари овошки може да се врши на скелетните гранки (кај многу дебели овошки) или директно на стеблото.

Кога прекалемувањето се врши на скелетните гранки, се остава некалемена една послаба странично насочена гранка, која ќе служи како хранилка која ќе врши асимилација додека се развие доволно лисна маса. Идната пролет се прекалемува и хранилката или таа се отстранува до основата.

Прекалемувањето на постари овошки од јаболка со дијаметар на стеблото до 15 см може да се врши и директно на стеблото. Притоа прекалемувањето на овошките оди многу побрзо во однос на калемењето на скелетни гранки, се добива поголем прираст на леторастите, на нив уште во првата година се формираат цветни пупки, а во втората година овошката започнува да плодоноси. Веќе во третата година овошката потполно ја обновува круната и дава нормален принос.

Најбрз и наједноставен начин на прекалемување на јаболка е под кора. Овој начин на калемење се изведува кога ќе започне сокодвижењето и кората се одвојува од стеблото. Притоа стеблото или скелетните гранки се пресекуваат со пила на мазно место коешто е со здрава кора. Потоа пресекот се обновува со нож-кастрач или некој друг нож. Подготовката на кората може да се врши на повеќе начини:

1. Со еден надолжен пресек на кората по потсекувањето и измазнувањето на пресекот, кората се расекува надолжно на местото каде што ќе се стави калемот. Потоа со калемарскиот нож или со специјално клинче од коска или пластика малку се одвојуваат двете страни на кората, каде што подоцна се става подготвеното калем-гранче. По поставувањето на калем-гранките се врши врзување со појако врзиво.

2. Со два паралелни пресеци на кората на кората се прават два паралелни пресеци на меѓусебно растојание колку што е дебел калемот. Потоа кората со клинче се подига во вид на јазиче и под неа се става подготвеното калем-гранче. По поставувањето на калемите, подигнатата кора малку се истенчува, а преку неа на околу 1 см под пресекот на стеблото се набива тенко шајче кое навлегува преку кората, преку калемот и стигнува до дрвото на стеблото. На овој начин калемот добро се за- тега и нема потреба од дополнително врзување. По едно клинче се кова и на кората од стеблото од двете страни до направените пресеци.

Сл. 1. Начини на прекалемување на посадени садници: А – со проста спојка, Б – со англиска спојка, В – со спојување отстрана3. Без надолжни пресеци на кората – подготвените калем-гранчиња се поставуваат под кората која со клинче се одвојува од дрвешината. Калем-гранките мора да бидат потенки или седлесто подготвени.

prekalemuvanje1
prekalemuvanje2
prekalemuvanje3

Калем-гранчињата се подготвуваат со надолжен кос пресек кој се прави со еден потег на остар калемарски нож со должина од 3,5-4 см. Ако калемите се дебели, тие може да се подготват во вид на седло. На секои 7-8 см обиколка на стеблото или на 2 см дијаметар на стеблото се става по еден калем. На калемите се оставаат по две пупки.

Кај двата начина на калемење по поставувањето на калемите се врши премачкување на горниот пресек и на страничните пресеци на стеблото и пресекот на калем- гранчето со претходно подготвен калемарски восок. Потоа со хартија се премотува стеблото, таа се врзува и врз калемарскиот восок на пресекот на стеблото се става глинеста почва.

Извор: Моја земја

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:гранкикалемењеовошкиродстебло
Претходен напис Фарма за калифорниски црви во скопско Јурумлери, интересот за биохумус се зголемува
Следен напис Цени на кванташки пазар – Скопје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?