Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битиќи: Секој денар потрошен во домашните компании вреди многу повеќе
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Битиќи: Секој денар потрошен во домашните компании вреди многу повеќе
Агровести

Битиќи: Секој денар потрошен во домашните компании вреди многу повеќе

Објавено 19/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Наша цел е да им помогнеме на граѓаните, средствата кои се предвидени како помош за справување со последиците од пандемијата со Ковид-19 да стигнат до нив и тие во рок од 30 дена да ги искористат. Зборуваме за скромни 6.000 денари кои во овој момент им се и тоа како битни. Укажуваме дека треба да се искористат за купување домашни производи зашто сметаме дека секој граѓанин е свесен дека секој денар потрошен во домашните компании вреди многу повеќе отколку при купување на странски производи.

Ова го порача вицепремеирот за економски прашања Фатмир Битиќи во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Владата.

-Законското решение во овој момент е во собраниска процедура и не можеме да кажема какво ќе биде конечно зашто може да има одредени амандмани и промени. Но, тоа што беше зацртано во него е дека ние креираме систем во кој на граѓаните ќе им обезбедиме можност да си ги потрошат средствата. Ако го применевме истиот модел како со платежните картички ќе го доведевме  во ризик здравјето на секој граѓанин многу повеќе отколку преку овој пристап за кој сега се одлучивме, рече Битиќи.

Тој нагласи дека во период на криза е добро сите да се свртиме кон тоа што е наше и додаде дека граѓаните тоа го знаат и се свесни.

-Има јасна процедура како да ги потрошат парите, а банките имаат механизам за контрола на средствата кои им ги имаат префрлено на граѓаните на нивните транскациски сметки дали се потрошени или не се потрошени за предвидените 30 дена и колку средства од нив се потрошени во домашните компании. Има граѓани  на кои трансакциските сметки воопшто не им се активни или не ги користат затоа што е можно да не се во земјава од различни причини како што беше и во случајот со платежните картички. Во таков случај банките имаат увид и нема да требаат дополнителни чекори за да се провери дали се потрошени или не и соодветно на тоа ќе бидат вратени во Буџетот за да се искористат за други намени, рече Битиќи.

Прашан по кои критериуми Владата ќе го составува списпкот на фирми и продавници од каде граѓаните ќе можат да купуваат македонски производи и дали има простор за злоупотреби и фаворизирање на одредни продажни објекти, вицепремиерот рече дека заврши времето кога некој некого го фаворизираше.

-Сега процесот е транспарентен и има систем кој ќе се објави штом законското решение влезе во сила во кој сите субјекти кои се заинтересирани да бидат составен дел од операцијата на трошеење на финансиските средства во име на помош на граѓаните ќе може да се регистрираат. Како што ќе се регистрираат, така јавно и транпаренто ќе биде објавен списокот на фирми на веб страницата „купувамдомашно“, рече Битиќи.

МИА

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:БитиќиграѓаниКупувам домашнопомош
Претходен напис Акција за пошумување на територијата на Општина Валандово
Следен напис Несекојдневен семеен бизнис во Пепелиште: Заработуваат од преработка на дрво,стари лозници и трње кои ги продаваат во Холандија и Австрија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?