Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Инвестирајте преку ИПАРД за Мерка 7 – Услуги на рурално население: Домови за стари лица и рехабилитација
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Инвестирајте преку ИПАРД за Мерка 7 – Услуги на рурално население: Домови за стари лица и рехабилитација
Фондови

Инвестирајте преку ИПАРД за Мерка 7 – Услуги на рурално население: Домови за стари лица и рехабилитација

Објавено 14/11/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со мерка 7 од ИПАРД програмата како инвестиција во услуги на руралното население може да се аплицира за неповратен грант од 65% во инвестиција за услуги на руралното население.

Најдобро тоа може да се прикаже со следниов пример:

Доколку барателот – физичко лице со место на живеење во Крива Паланка  сака да започне да се занимава односно да инвестира во изградба и опремување на објект за сместување на стари лица.

Вкупната вредност на инвестицијата треба да биде поголема од 5000 евра до 1 000 000 евра. Во нашиов пример претпоставуваме дека вкупната инвестиција изнесува 250 000 евра.

Документи кои се потребни при набавката на оваа опрема се:

  1. Барање за користење на средства комплетно пополнето ( кое ќе ви помогне да го пополните консултантска куќа или сами)
  2. Фотокопија од важечка лична карта или пасош
  3. Изјава дека на крајот од инвестицијата барателот (физичкото лице) ќе се регистрира како правен субјект во согласност со дејноста (старечки домови).
  4. Диплома или сертификат за завршен курс/обука соодветната област за старечки домови или изјава дека до крајот на инвестицијата ќе помине таква обука
  5. Уверение за платени даноци и придонеси од УЈП
  6. Потврда од локалната самоуправа – Општината Валандово, дека инвестицијата е во согласност со стратегијата за локален економски развој
  7. Имотен лист од земјиштето/ парцелата каде што ќе биде изграден објектот ( домот за стари лица).
  8. Доколку земјиштето е во државна сопственост потребно  е и договор за концесија, не пократок од  10 години од денот на аплицирањето т.е.најдобро е да се биде договорот на 15 години и тој договор да биде прибележан во имотниот лист.
  9. Поднесено барање за издавање елаборат за заштита на животната средина од Министерство за животна средина.
  10. Една понуда од добавувач до 10 000 еур со детална спецификација и изјава за земја на потекло. (опремата која се набавува мора да биде нова и неупотребувана ), доколу вреноста по ставка надминува 10 000 еур потребно е да се достават 3 понуди со детална техничка спецификација и земја на потекло. (прифатливи се и општите трошоци кои се направени за подготовка на целокупната документација за аплицирањето).
  11. Договор за општи трошоци
  12. Фактура за општите трошоци (доколку се направени)
  13. Одобрение за градба на нов објект.
  14. КОПИИ ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА (ЦД) ОД ОСНОВНИТЕ ТЕХНИЧКИ ЦРТЕЖИ И ПРЕДМЕР – ПРЕСМЕТКА ОД РЕВИДИРАНА ТЕХНИЧКА ДОКУМЕНТАЦИЈА
  15. ДЕЛОВЕН ПЛАН (консултантска куќа)
  16. ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ОД СТРАНА НА БАРАТЕЛОТ ЗА ОСНОВАЊЕ НА УСТАНОВА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА/ ГРИЖА НА ВОЗРАСНИ ЛИЦА, ИЛИ

ПОДНЕСЕНО БАРАЊЕ ОД СТРАНА НА БАРАТЕЛОТ ЗА ПРОМЕНА НА ОСНОВАЧ НА УСТАНОВА ЗА СОЦИЈАЛНА ЗАШТИТА/ ГРИЖА НА ВОЗРАСНИ ЛИЦА

По разгледувањето на барањето од страна на АФПЗРР и конечно одобрување на бараните средства барателот потпишува договор со АФПЗРР за реализација на инвестицијат и од овој момент може да се почне со купување на опремата т.е. со сопствени средства може да ја набави опремата која треба да се плати преку банка со повикување по број на фактура на образец ПП30(црвен).

После реализацијата односно од кога ќе биде отворен старечкиот дом, во нашиот случај се поднесува барање за исплата и средствата кои се инвестирале се враќаат 65% односно доколку инвестицијата изнесувала 250 000 евра, средства кои ќе му бидат доделени на барателот се 162 500 евра кои преставуваат неповратен грант. Барателот е должен оваа инвестиција да ја чува и да не ја отуѓува во наредните 5 години.

Може да ви се допадне

По изборите: Милијарди евра од Брисел на пат кон унгарските земјоделци?
До 600.000 евра грант од ИПАРД за микро и мали бизниси: Целосна листа на 110 прифатливи дејности во Мерка 7
ИПАРД МЕРКА 7: Официјално најавен новиот повик 03/2025, во тек подготвителниот период
Наскоро, јавен повик за користење на средства по мерка 7 од ИПАРД Програма 2021-2027
Грчката афера е само врв на ледениот брег, корупцијата е во цела ЕУ, предупреди европската обвинителка Ковеси
Таг:Мерка 7старечки домфондови
Претходен напис Членството во BSEC носи можности за регионални проекти и за привлекување странски инвестиции
Следен напис Конкурс за доделување стипендии на редовни студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Северна Македонија за студиската 2020/2021 година
3 коментари 3 коментари
  • Lazar напиша:
    на 30/03/2021 г. во 12:50 часот

    Zdravo..moze li da mi odgovorite vie.ili da me prepratite.koj bi mozel.
    Prasanjeto e dali merkata 7 vo vrska so domovite za stari lica vo rurarni sredini se uste e vazecka.t.e dali i vo 2021 prodolzuva.vi blagodaram
    Angelov lazar

    Reply
    • agrotim1 напиша:
      на 06/04/2021 г. во 06:48 часот

      Почитуван, соработуваме со консултантскиот центар Агрокултура кои изработуваат апликации за ИПАРД. Повече информации на 071 381 453 . Поздрав

      Reply
  • Vanco напиша:
    на 02/06/2021 г. во 14:20 часот

    Zdravo dali moze da se aplicira za zemjodelska mehanizacija so ipard 7

    Reply

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?