Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Членството во BSEC носи можности за регионални проекти и за привлекување странски инвестиции
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Членството во BSEC носи можности за регионални проекти и за привлекување странски инвестиции
Агровести

Членството во BSEC носи можности за регионални проекти и за привлекување странски инвестиции

Објавено 14/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На 9 ноември Република Северна Македонија официјално стана 13-та членка на Организацијата за црноморска економска соработка (BSEC), која се протега на два континента и економски поврзува над 350 милиони жители,  покрива три различни региони – Балканот, Кавказот и Црното Море, со површина од 20 милиони квадратни километри.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи по тој повод денеска на прес-конференција соопшти дека членството создава нови услови и можности за привлекување странски инвестиции и создавање дополнителни потенцијали за домашните бизниси, оособено оние што се извозно ориентирани.

-Обемот на трговија во рамките на BSEC изнесува приближно 170 милијарди долари годишно. Важно е да се потенцира дека оваа организација е вториот најголем извор на нафта и природен гас, со што претставува еден од главните снабдувачи  на енергија на Западна Европа. Постои широк обем на соработка помеѓу земјите членки на БСЕК и Северна Македонија, рече Османи, додавајќи дека уште на самиот почеток земјава ќе се стреми веднаш активно да се вклучи во секторските сфери на соработка, почнувајќи од трговијата и економскиот развој, банките и финансиите, комуникацијата, енергијата, транспортот, земјоделството и агроиндустријата, здравствената и фармацевтската грижа, заштитата на животната средина, туризмот, науката, технологијата, рече Османи.

Придобивките од БСЕК не се однесуваат само на членството во структурите на Организацијата и отворањето на каналот на економската комункација меѓу земјите членки, туку и во реализација на заеднички проекти. Ова најмногу доаѓа до израз, посочи Османи, преку содзвање фонд за развој на проекти од различните сектори на Организацијата.

– Секое идно планирање мегапроекти од областа на инфраструктурата и енергеттиката кои ќе потекнуват географски од БСЕК, ние ќе можеме одблиску да ги следиме и да се вклучиме како корисник, како транзитна земја, и со тоа да обезбедиме дел од заедничките бенефити од членството во Организацијата, истакна шефот на дипломатијата.

Четири од нашите пет соседни земји, додаде Османи, веќе се членки во оваа организацијата што дополнително ни ги отвора можностите да настапуваме заеднички како соседи, како посебен регион, во рамки на БСЕК, штитејќи ги нашите регионални интереси.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:BSECбујар османиинвестициипроектичленство
Претходен напис Млад кавадарчанец произведува органско вино од „смедеревка”
Следен напис Инвестирајте преку ИПАРД за Мерка 7 – Услуги на рурално население: Домови за стари лица и рехабилитација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?