Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Барања за државна помош за исплата на плата работодавачите може да поднесуваат уште денеска
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Барања за државна помош за исплата на плата работодавачите може да поднесуваат уште денеска
Агровести

Барања за државна помош за исплата на плата работодавачите може да поднесуваат уште денеска

Објавено 12/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Работодавачите до Управата за јавни приходи може уште денеска да поднесуваат барања за државна помош за зачувување на работните места. Рокот, како што рече директорката на УЈП Сања Лукаревска, е пролонгиран заради прекинот во аплицирањето поради преопторавеност на системот.

-Имавме прекин во системот за пријавување поради преоптовареност, но затоа ќе го продлжиме рокот за да им излеземе во пресрет на сите компании кои сакаат да ја искористат оваа државна мерка. Ние секогаш сме на страната на граѓаните и на страната на компаниите и затоа ќе им овозможиме на сите они кои ги исполнуваат условите да можат да земат средства за покривање на платите, рече Лукаревска во гостување на ТВ Телма.

Работодавачите може да поднесуваат барања за исплата на плата на вработените за октомври електронски преку системот Е-даноци, каде се прикачени обрасците.

Поддршката, е дел од четвриот пакет мерки, и е скалеста и се движи од 14.500 до 21.776 денари по вработен, во зависнсот од степенот на намалениот приход на работодавачот. 

Целта на мерката, за која се предвидени 70 милиони евра е зачувување на работните места и задржуавање на платите на исто ниво, а се однесува за месеците октомври, ноември и декември.

Компании кои ќе се пријават и ќе добијат пари за плати, а при тоа не ги искористат за таа намена, ќе одговараат кривично, најави директорката.

-Месец за месец јавно ќе ги објавуваме имињата на компаниите кои ги злоупотребуваат парите. Заедно со трудовиот инспекторат ќе постапуваме, ќе контролираме и секој ако направил злоупотреба ќе си одговара пред надлежните органи, исто како што има пријави во Јавното обвинителство за оние кои го направија тоа минатиот пат кога се даваше помош за плати, така ќе биде и сега, и уште построго, рече Лукаревска.

Глобите се движат од 500 до 1000 евра за малите правни лица, односно 1000 до 10000 евра во денарска провивредност на големите правни лица, А глоби на одговорното лице во правното лице се движат од 100 до 500 евра во денарска противвредност.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:барањадржавна помошпоследен денработодавачи
Претходен напис Период на стабилно и суво време – во петок услови за слаби врнежи
Следен напис Прва пивара во светот која користи „железно гориво“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?