Една позната семејна пивара од Холандија, е првата фирма во светот која во производството започна да користи гориво добиено од железо во прав. Станува збор за цврсто гориво, кое не емитува јаглен диоксид и може да се рециклира. Компанијата соработува со холандски научници кои најавуваат уште поамбициозен проект – термоелектрана оја сега користи јаглен, да се пренамени во електрана кои ќе користи „железно“ гориво.
Семејната компанија Swinkels Family Brewers од Холандија е прва фирма во светот која почна да користи железо во прав како чисто, одржливо гориво за согорување.

Железото во прав лесно согорува на високи температури, ослободувајќи енергија додека оксидира и во тој процес не се емитира јаглен диоксид. Во тој процес останува `рѓа која се собира лесно и која со рециклирање повторно може да се претвори во прав.
Холандската компанија соработува со конзорциумот Metal Power и научниците од Универзитетот за технологија во Ајндховен, веќе работат на инсталирање на цикличен систем „железно“ гориво“ во својата пивара во Баварија. Овој систем би требало да обезбеди енергија која е потребна за производство на околу 15 милиони чаши пиво годишно.

Во план се и електрани „на железо“
Семејната пивара прва почнала да го тестира ова ново гориво во индустриското производство. Во компанијата велат дека предностите на железото како чиста енергија е тоа што енергијата може да се складира, железото е лесно достапно, ефтино и поедноставно се транспортира.
Исто така неговиот процес на преработка во енергија е поедноставен отколку во случајот со водородот.

Стручњаците за технологија во Ајндховен најавуваат многу амбициозен проект поврзан за унапредувањето на металните горива. Целта е до 2030 година да се развие систем кој ќе овозможи термоелектраните на јаглен да се заменат со одржливи електрани кои за својата работа ќе користат енергија добиена од железо.
Извор: agronews.rs
