И понатаму продолжува периодот на стабилно, суво и сончево време со умерена локална, повремено и позначителна облачност. По одделни котлини и понатаму ќе има појава на магла и на ниска облачноста, особено во ноќните и во претпладневните часови.
Во петок попладне и навечер, особено во западните и во јужните предели ќе има услови за слаби врнежи од дожд.
Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.
Во Скопје и околината, особено во ноќните и во претпладневните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност, максималната дневна температура овие денови во Скопје ќе се искачува до околу 13 степени.
За нови, подетални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука
Напишете коментар