Денес започна исплатата на средства за обесштетување на граѓаните, погодени од невремето во 2019 година на дел од територијата на општина Ресен.
За оваа цел, од Буџетот на Република Северна Македонија се издвоени средства во износ од скоро 80 милиони денари
.Ова е вистинска поддршка и помош за земјоделците, кои и покрај големиот труд и напори не успеаа да го соберат родот на преспанско јаболко, од кое производство зависи развојот и економскиот раст на Ресен и Преспа.
Фејсбук статус на Живко Гошаревски – Градоначалник на Општина Ресен
