Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Објавен јавниот повик, занаетчиите ќе добијат субвенции од 20 милиони денари за набавка на алати и репроматеријали
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Објавен јавниот повик, занаетчиите ќе добијат субвенции од 20 милиони денари за набавка на алати и репроматеријали
Агровести

Објавен јавниот повик, занаетчиите ќе добијат субвенции од 20 милиони денари за набавка на алати и репроматеријали

Објавено 09/11/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за кофинансирање на трошоци на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност со кој се покриваат до 60 отсто од докажаните трошоци за набавка на алати и репроматеријали во 2020 година, но не повеќе од 60.000 денари.

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво на Министерството за економија, за оваа мерка предвидени се средства во вкупен износ од 20 милиони денари денари, а субвенцијата ќе се дели по принципот „прв дојден, прв услужен“.

-Право на учество на овој Јавен повик имаат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и ги исполнуваат следните услови: да имаат деловно седиште на територијата на Република Северна Македонија, да имаат најмногу 5 (пет) вработени на неопределено работно време, да имаат намирени обврски кон државата и вработените. Еден апликант може да користи субвенција само еднаш по овој јавен повик. Разгледувањето и изборот на апликантите кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик, ќе се прави по принципот „прв дојден, прв услужен“ односно по редослед на поднесување и пристигнување на апликациите во архивата на Министерството, сѐ до исцрпување на предвидените средства, инфомрираат од Министерството за економија.

Крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е 27 ноември годинава до 14:00 часот, а детали за начинот на аплицирање може да се најдат на веб-страницата на Министерството за економија: http://www.economy.gov.mk/doc/2856 .

MИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:занаетчиијавен повикрепро материјали
Претходен напис Започна исплатата на средствата за обесштетување на граѓаните од Општина Ресен, погодени од невремето во 2019 година
Следен напис Бензините поскапуваат за половина денар, цената на дизелот иста
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?