Погледнето го интервјуто на РТК.мк со градоначалникот на Неготино, Тони Делков за активностите на Општината во текот на неговиот мандат. За состојбата во која ја затекна општината, со долг од два цели буџети и многу нерешени прашања од важност за граѓаните. Долговите во меѓувреме се вратија со максимално ангажирање на Општината, се консолидира тимот со професионалци, следуваше помош и од Владата и домаќинско работење дадоа резултати.
Следуваше период на инвестиции, нови проекти, работа на целата администрација и грижа за сите граѓани на Општина Неготино. Тука особено се издвојува усепот со решавање на долгогодишниот проблем на жителите, водоснабдувањето.
– Особено внимание ќе се посвети на решавање на клучните фактори за економскиот развој на Општина Неготино, а тоа се Фабрика за кабли Неготино, која некогаш вработуваше 900 луѓе и Винарската визба Повардарие чие работење е клучно за откупот на грозјето и лозарите, што се виде и оваа година. Токму затоа веќе во завршна фаза се преговорите на заинтересираните инвеститори. Се надевам дека преговорите ќе завршат успешно и овие капацитети ќе добијат нови сопственици со нови вработувања и да го вратиме економскиот дух на Општина Неготино – вели Делков.
