Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како 20 минути во природа прават чудо за ЗДРАВЈЕТО?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Како 20 минути во природа прават чудо за ЗДРАВЈЕТО?
МагазинСовети

Како 20 минути во природа прават чудо за ЗДРАВЈЕТО?

Објавено 07/11/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Шумите или поголемите зелени површини често пати се нарекуваат и бели дробови на планетата Земја. Причината за тоа е едноставна – растенијата ни го обезбедуваат кислородот, неопходниот услов за одвивање на животните процеси.

Со развивањето на цивилизацијата, човекот сè повеќе се одалечувал од природата, односно ја уредувал и ширел својата средина за сметка на екосистемите кои постоеле на тие места.

Сепак, во последно време свесноста за значењето целокупниот баланс во екосистемот сè повеќе расте, а сè поголем број истражувања укажуваат на природната потреба на човекот од зелени простори. Така, урбанистичките планови во иднина ќе содржат сè повеќе зеленило.

Во една од претходните статии зборувавме за извонредните докажани ефекти на градското зеленило, а денес ќе разгледаме 2 истражувања кои исто така укажуваат на значајноста на зеленилото за нашето ментално здравје, но и целокупно здравје..

[Поврзано: Извонредниот ефект на градското ЗЕЛЕНИЛО врз МЕНТАЛНОТО здравје!]

Дури и едноставното гледање во зелени простори, може да помогне да се намали силната потреба за нездрава храна, алколол и цигари!

Честите активности и поминувањето време во природа, докажано има бројни позитивни ефекти, но едно неодамна објавено истражување од Универзитетот Плајмаут од Велика Британија, вели дека дури и пасивното уживање во зелените простори или гледањето во нив, може исто така да има значителни бенефити по здравјето.

Истражувачите од Плајмаут сугерираат дека дури и наједноставното гледање во дрвјата од вашиот прозорец или уживањето во сопствениот двор, може видно да ја намали зачестеноста и интензитетот на потребите за нездрави навики, како прејадување со нездрава храна, пушење цигари или прекумерна употреба на алкохол.

Интересни резултати

За потребите на споменатата студија, испитувани биле 149 волонтери, на возраст помеѓу 21-65 години. Земени биле податоци за околината во која живеат, односно достапноста и обемот на зелените простори во околината на нивниот дом. Исто така, спроведени биле и специјализирани прашалници кои требало да ги утврдат зачестеноста и интензитетот на потребите за претохдно споменатите, инаку најчести, лоши навики. Проценувано било и како сето ова се одразува на нивото емоционално или ментално здравје.

Што покажале резултатите?

Истражувачите утврдиле дека луѓето кои имаат свои градини, односно дворови со зеленило или пак прозорците од домот им се насочени кон парк или било каков облик на зеленило, многу поретко имале неодложни потреби за нездрави навики, а кога тие се јавувале, биле со послаб интензитет.. Ваквите резултати биле добиени без оглед на нивото на физичка активност кај испитаниците.

Иако во оваа студија не се утврдува причинско-последична врска помеѓу намалената потреба од нездрави навики и зеленилото, сепак таа претставува силен индикатор дека вреди да се истражува во оваа насока. Многу е веројатно во иднина зеленилото да биде битен дел од терапијата за одвикнување од некакви лоши навики.

Само 20 минути поминати во природа, можат да го намалат стресниот хормон кортизол!

,,Поминувањето најмалку 20 минути од денот во прошетка или седење на места што ни предизвикуваат чувство на ,,контакт со природата”, може значително да го намали нашето ниво на т.н. стресен хормон кортизол.”

[Поврзано: Како да препознаете високи нивоа на кортизол?
Пешачење за СЛАБЕЕЊЕ – колку и како?]

Ова може да се прочита во една студија објавена минатата година, во списанието Frontiers in Psychology.

Од поодамна се познати позитивните ефекти од зеленилото за нашето здравје, но научниците од оваа студија велат дека нивната студија фрла ново светло или дава одговори на важни дилеми, кои до тогаш постоеле: Колку често и колку време е доволно да поминеме во ,,природа” за да имаме некакви посебни бенефити? Дополнително, дали зеленилото, како градското, има сличен ефект како оној на планинскиот простори и шумите, па времето поминато во/низ него, можеме да го сметаме како време во кое сме ,,контактирале со природа”?

Споменатата студија, според истражувачите, во голема мера дава одговор на претходно поставените дилеми. Имено, тие преку специјализиран метод, утврдиле дека 20 до 30 минути поминати во проштека или седење во простори во кои имаме чувство дека сме во ,,природа”, значително можат да го намалат кортизолот, наречен и хормон на стресот.

Значи, тие простори не мораат да бидат изолирана шума или планина, туку едноставните, кратки прошетки во градските паркови или било кои места кои ги доживуваме како природа, можат да делуваат на намалување на хроничниот стрес.

Прилогот го подготви Д-р Александар Митов

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Таг:ефектиздравјеприрода
Претходен напис Помошта на ранливите категории граѓани ќе се исплаќа директно на транскациски сметки
Следен напис (ВИДЕО)Делков за РТК: Во завршна фаза се преговорите со новите инвеститори за Повардарие и Фабриката за кабли – Неготино
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?