Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пчелните семејства даваат двојно помалку мед поради климатските промени
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Пчелните семејства даваат двојно помалку мед поради климатските промени
Агровести

Пчелните семејства даваат двојно помалку мед поради климатските промени

Објавено 01/11/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Климатските промени и другите проблеми се причина двојно да бидат намалени приносите на мед од едно пчелно семејство, велат производителите, учесници на натпреварот за квалитет на мед во Тетово. Се повеќе пчелари имаат проблем да произведат мед.

-Просекот од 10 килограми по пчелно семејство што сега го сметаме како добар просек, пред 10-20 години бил по 20 килограми од пчелно семејство. Влијанието на климатски промени е еден од најглавните фактори. Специфични проблеми нагло го намалија приносот на мед по пчелно семејство глобално, вели Владимир Антовски, пчелар од тетовско Жилче.

-Влијаат многу фактори, најмногу климатски промени, а потоа и пестициди во земјоделството, дојде и коронавирусот, па беше ограничено движењето поради репроматеријалите кои не се произведуваат тука, рече Дритон Дикена, пчелар.

Слободан Јефтиќ, меѓународен судија за квалитет на мед од Србија потенцира дека во земјава поостои квалитетен мед и дека оваа гранка може и треба да биде водечка гранка за развој на земјоделството.

-Медот од Балканот е најквалитетен во Европа, затоа Германците толку многу го плаќаат за да бидат со поквалитетно здравје. Луѓето комотно да почнат да се занимаваат со пчеларство, пчелата ни е вредно суштество кое помага за опрашување. Земјоделството и пчеларството може да напредуваат во продажба и извоз на мед, изјави Слободан Јефтиќ.

-Ние како пчелари од Македонија учествуваме на многу меѓународни натпревари, а пример во Тузла бевме 40 претставници. Од сите експерти што оценуваа мед, македонскиот мед беше оценет како најдобар во регионот и во Балкан. Веќе го именуваат како „Течен дијамант од Македонија”. Ние имаме квалитетен мед, а што недостига е да излеземе на светскиот пазар. Не може да правиме авиони, но сигурен сум дека може да прозиведуваме многу квалитетен мед. Би требало да имаме повеќе соработка и со државните институции и локалната власт со разни мерки и грантови за тие да го развиваат пчеларството затоа што Македонија може да биде светски бренд во пчеларството, истакна Дритон Дикена од пчеларското здружение „Градот на пчелите”.

-Со учество на манифестации за утврдување на квалитет на мед пчеларите добиваат сертификат со кој може да излезат пред купувачите дека е веродостоен, вреден да се конзумира, потенцира Владимир Антовски.

Во државата се бројат околу 242 илјади пчелни семејство кои ги одгледуваат над шест илјади пчелари.
МИА

Може да ви се допадне

Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Во грчките градови Кожани и Агринио уапсени 13 лица за измами со европските земјоделски субвенции во висина од 2,5 милиони евра
Формиран совет за унапредување на високото образование и стратешки истражувања на Стопанската комора
Без струја делови од Бутел
Таг:Дритон Дикенаклиматски променимедпомалку медтетово
Претходен напис Најнови информации за времето: Продолжува сувото и стабилно време
Следен напис Манифестација „Дарови од природата“ во Куманово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?