Францускиот тим составен од познавачи на виното, победи на Светскиот шампионат во слепа дегустација на вино, одржан во винаријата Chateau Smith Haut-Lafitte во Бордо. Ова е втора континуирана победа за французите на натпреварот, кој го организира влијателениот вински магазин оснван во 1927 година, „La Revue du Vin de France“.
– „Победниците се извонредни познавачи на вино. Психоаналитичарот Ерик Бордо,контролорите на лет Емануел Олив и Кристоф Беје, како и трговецот Франсоа Брето и нивниот тренер, пензионираниот наставник Венсан Мерсије, по втор пат дојдоа на натпреварот и тоа една година после својата голема победа и повторно триумфираа “– напишаа новинарите од списанието „La Revue du Vin de France“ и додаваат дека се горди на успехот на своите такмичар.
– „Оваа победа илустрира голем напредок на француските дегустатори кои долго време заостануваа зад своите колеги од другите земји“ – се наведува во угледното списание.

Во финалето учествуваа и тимови од од Соединетите Американски држави и по прв пат имаше тим од Русија. На второ место се најде тимот од Кина, а на трето место Шпанија. Четирите вина кои беа дегустирани во финалето беа: шардоне од Нов Зеланд, пино ноар од САД, бордовскиот купаж од Франција и шојребе од Германија.

Натпреварот World Wine Tasting Championship (WWTC) за прв пат беше одржан во 2013 година во Белгија и од тогаш привлекува се поголемо внимание. Поените на натпреварот се доделуваат за точна идентификација на сортата, земјата и регионот на потекло, бербата и производителот. Натпреварот е интересен по тоа што ги привлекува и професионалните сомелиери и винските ентузијасти кои никогаш не сакале да се посветат професионално на оваа работа, туку на дегустацијата на вино му пристапуваат како на своевиден спорт со кој се занимаваат во слободното време.
Извор: Вино и фино
