Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Словенија е претставено вино, правено во целосен мрак
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Словенија е претставено вино, правено во целосен мрак
АгровестиМагазин

Во Словенија е претставено вино, правено во целосен мрак

Објавено 29/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Одамна е познато дека светлината ја менува хемиската структура на виното но, колку што е познато, до сега никој не се осмелил  да  направи, да експериментира или да  продава, вино кое било направено  во тотален мрак.

Словенската винска куќа „Радгонске Горице“ неодамана го претстави својот крајно несекојдневен проект „Untouched by Light“, што всушност претставува пенливо вино направено под мотото дека „најдобрите работи се случуваат ноќе“.

Ова пенливо вино  шардоне, е направено од грозје кое е берено исклучиво во ноќните часови, созрева во подрум без каков и  да е извор на светлина и се продава во посебно заштитени шишиња низ кои не допира ниту еден фотон на светлина.

Словенечките винари велат дека основа за нивниот експеримент е истражувањето направено во 1989 година, од страна на En C. Noubl, научничка  која го проучувала дејството на светлината врз пенливите вина и дошла до заклучок дека ултравиолетовата светлина ги уништува аромите на овошјето и создава несакани ароматични ноти во виното.

– „Виното „Untouched by Light“ се прави од избрани гроздови шардоне и се ферментира во шише. Она што ова вино го прави единствено е процесот на созревање. Тоа созрева две до три години во пештерите Радгоне во Словенија, без никаков допир со надворешниот свет и под целосно отсуство на светлина. Ние тоа го нарекуваме „вино направено во темнина“. Во текот на бербата, при вртењето на шишињата и пакувањето на виното користиме инфрацрвени наочари за ноќно гледање. Кога виното ќе излезе од пештерата, го флашираме во црни, непровидни шишиња пакувани во вакумски запечатени црни кеси кои спречуваат допир на светлина и воздух. Препорачуваме виното да се дегустира во добро друштво и во целосна темнина“, – вели извршниот директор на винаријата „Радгонска Горица“, Борут Цветковиќ. 

Од примарната берба  во 2016, направени се  2.000 шишиња вино, а производителите се надеваат дека овој број од наредната берба ќе се порасне на 3.000. Првите шишиња од ова необично вино ќе бидат пуштени во продажба идната година.

Извор: Вино и фино

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Untouched by LightвиноРадгонска Горицасловенија
Претходен напис Времето денес, сончево и суво со услови за умерена облачност и слаб ветер
Следен напис Oва се нарекува вистински мераклија на пиво!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?