Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Единствената овластена Ветеринарна болница со нови простории за сместување и нега на животни со најсовремени третмани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Единствената овластена Ветеринарна болница со нови простории за сместување и нега на животни со најсовремени третмани
Агровести

Единствената овластена Ветеринарна болница со нови простории за сместување и нега на животни со најсовремени третмани

Објавено 26/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Нови простории и опрема од денеска се во функција на Универзитетската ветеринарна болница за општи и специјалистички прегледи на домашните миленици. Болницата е опремена со најсовремена апаратура која е интегративен дел од Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

– Универзитетската ветеринарна болница сега има на располагање скоро 500 метри квадратни простории за вршење ветеринарна дејност кои сочинуваат една функционална целина која е единствена во земјава и пошироко во регионот со ваков капацитет, најави проф. д-р Лазо Пендовски, декан на Факултетот за ветеринарна медицина-Скопје.

Тој соопшти дека болницата е дизајнирана за општи и специјалистички прегледи на домашните миленици и е опремена со најсовремена апаратура, поседува две комплетно опремени хируршки сали со апарати за инхалациска анестезија, болнички стационар, стоматолошки кабинет, дијагностичка лабораторија со современи апарати за биохемиска, паразитолошка, микробиолошка и молекуларна дијагностика, нова опрема за рендген дијагностика како и ултразвучна и ЕКГ-дијагностика.

– Според регистарот на Агенцијата за храна и ветеринарство ова е единствената овластена Ветеринарна болница во државава која е одобрена од надлежните органи и има капацитети за сместување и нега на животни, објасни проф. д-р Пендовски.

Во Универзитетската ветеринарна болница работи високообучен тим на експерти, професори, соработници – докторанти, сите специјалисти од различни области, кои се обучени во најсовремените центри за третман на домашни миленици.

Во делот на болничко лекување, има посебен дел предвиден за сместување и терапија на животните, просторија за вештачко оплодување на животни со рана дијагностика на гравидитет, како и капацитети за дијагностика на малигни заболувања и хируршки интервенции.

– Сопствениците на домашните миленици, ќе добиваат совети и упатства за нивна нега и исхрана, превентивни вакцинации, контрола на паразити и најважно од се згрижување на итните и критичните случаи. Со ова, Факултет за ветеринарна медицина – Скопје значително го зголеми ветеринарно-здравствениот капацитет во нашата држава, а Универзитетската ветеринарна болница со своите капацитети, опрема и професионален кадар се потврдува како лидер во ветеринарната медицина со примена на модерна дијагностика, превентива и лекување на домашните миленици, додаде деканот Пендовски. 

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ветеринарна болницанега на животнинови просториитретман
Претходен напис Донесени измени на законот за ДДВ, фактурите ќе може да се праќаат и електронски
Следен напис „Македонија2025″ прогласена за најдобра организација за лидерски и економски развој во Југоисточна Европа
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?