Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Донесени измени на законот за ДДВ, фактурите ќе може да се праќаат и електронски
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Донесени измени на законот за ДДВ, фактурите ќе може да се праќаат и електронски
Агровести

Донесени измени на законот за ДДВ, фактурите ќе може да се праќаат и електронски

Објавено 26/10/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата на својата 14-та седница го утврди Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено економската криза предизвикана од вирусот Ковид-19, за исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година.

Со овој закон, информираат од владинатапрес-служба, се уредуваат условите и постапката за добивање на финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот КОВИД-19, заради исплата на платите на работниците за месеците октомври, ноември и декември 2020 година.

На предлог на Министерството за финансии, утврден е и предлогот за Закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, кој исто така како и Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите е дел од четвртиот пакет за справување со економската криза предизвикана од коронавирусот.

-Со денот на влегувањето во сила на измените и дополнувањата од Законот за данокот на додадена вредност од 1 јануари ќе се изврши ослободување од данок на додадена вредност за донации дадени кон буџетски корисници за справување со коронавирусот Ковид-19. Исто така ќе се одложи рокот за плаќање ДДВ заради ликвидносна поддршка на компаниите, соопштија од Владата.

Заради олеснување на процесот на издавање, пренос и прием на фактура, ќе се даде можност за користење на фактура во електронска форма (pdf или друг електронски формат).

Од 1 јануари 2021 година, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 10 отсто за продавањето храна и пијалаци за консумација на лице место и кетеринг услуги, со исклучок на алкохолни пијалаци. Исто така, се пропишува одредба за примена на повластена даночна стапка од 5 отсто за определени занаетчиски услуги кои се вршат од страна на занаетчии што се запишани во занаетчиски регистар.

Владата ги прифати и дополнувањата на Уредбата за начинот на организирање и реализирање на наставата во вонредни околности во основните и средните училишта, согласно кои, во случај на влошување на епидемиолошката состојба, проверувањето на постигнувањата на учениците ќе може да се врши и без физичко присуство на учениците, според упатствата за спроведување на проверка на постигнувањата на успехот на учениците без физичко присуство, изготвени страна на Бирото за развој на образованието и Центарот за стручно образование и обука.

Извор: Макпрес

Може да ви се допадне

ДИЗ: Директорот Ангеловски во посета на Тутунскиот комбинат Прилеп
ЦУК: Три пожари на отворено до 13 часот, еден сѐ уште активен
Ресенец нападнат од мечка додека собирал печурки во Курбиново
АХВ издаде забрана за употреба на водата за пиење во Гостивар
АПРЗ во Битола презентираше резултати од анализа на органиска материја и јаглерод во почвите
Таг:електронски фактуризакон за ДДВизмени
Претходен напис Пет држави во кои земјоделството е главен работодавач
Следен напис Единствената овластена Ветеринарна болница со нови простории за сместување и нега на животни со најсовремени третмани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?