Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ, денеска од Охрид известија за состојбата со инспекцискиот надзор и превземените мерки во врска со заштитата на рибниот фонд во Охридското Езеро.

Храбро ќе се продолжи со спроведување на редовни контроли се со цел да спречиме уништување на биодиверзитето на Охридското езеро.
