Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, денеска имаше можност да присуствува на седницата на Собранието на Македонската асоцијација на земјоделски задруги во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна.

Задругите претставуваат многу значајни партнери во земјоделскиот сектор во сите земји членки на ЕУ. Македонската асоцијацијана земјоделски задруги (МАЗЗ) е вклучена во креирањето на земјоделските политики преку учество во работна група за законската материја од областа на задругарството.

Министерството за земјоделство ја препозна МАЗЗ за свој економски и социјален партнер и на тој начин и даде моќ во креирање на аграрните политики во земјава.
