Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео)Илиевски – 800 илјади евра обесштетување за земјоделци од Битолско погодени од град и поплава ова лето
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (Видео)Илиевски – 800 илјади евра обесштетување за земјоделци од Битолско погодени од град и поплава ова лето
Агровести

(Видео)Илиевски – 800 илјади евра обесштетување за земјоделци од Битолско погодени од град и поплава ова лето

Објавено 21/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Владата предводена од СДСМ ќе исплати скоро 800.000 евра обесштетување на индивидуални земјоделци од Битола и битолско чии посеви беа погодени од град и поплава во јули и август годинава, рече координаторот на советничката група на СДСМ Битола – Методија Илиевски.

-Комисијата за проценка на штети од природни непогоди ја заврши својата работа, советниците дадоа поддршка за извештаите, а Владата на Република Северна Македонија во најскоро време треба да ги исплати средствата на сметките на оштетените.

За невремето проследено со град во јули, Комисијата разгледа и прифати 171 барање на исто толку зејмиделци, направи увид на лице место на 681 парцела и определи отштета во вкупна вредност од 44.651.605 денари. Со овие средства ќе бидат обештетени земјоделци во Кукуречани, Крклино, Карамани, Бистрица, Трново, Долно Оризари, Црнобуки, Горно Оризари, Крстоар, Брод, Жабени и Могила.

Од градот и поплавата, пак, од август, Комисијата прифати барања за обесштетување на 14 земјоделци, изврши увид на 16 парцели и бара од Владата исплата на 4.088.000 отштета. Погодените стопанства се во Битола, Жабени, Оптичари и Логоварди, рече Илиевски.

Или вкупно…Владата ќе ја надомести штетата од градот и поплавите на 185 земјоделци од Битола и битолско во вкупен износ од 48.739.605 денари, односно речиси 800.000 евра.

Со ова потврдуваме уште еднаш дека СДСМ останува партнер на земјоделците и во арно и во лошо.

Извор: Апла.мк

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:битолскоградМетодија Илиевскиобесштетувањепоплава
Претходен напис Хоџа: Задругите претставуваат многу значајни партнери во земјоделскиот сектор во сите земји членки на ЕУ
Следен напис Раст на депозитите и на кредитирањето во септември
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?