Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Агрон Реџепи: Заедно сме посилни и помоќни!Земјоделците да седнат да се договорат и час поскоро да формираат задруги или да пристапуваат на веќе постоечки задруги
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Агрон Реџепи: Заедно сме посилни и помоќни!Земјоделците да седнат да се договорат и час поскоро да формираат задруги или да пристапуваат на веќе постоечки задруги
АгровестАгровести

Агрон Реџепи: Заедно сме посилни и помоќни!Земјоделците да седнат да се договорат и час поскоро да формираат задруги или да пристапуваат на веќе постоечки задруги

Објавено 21/10/2020
Сподели
8 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Конкурентноста на пазарот на земјоделските стопанства кои се занимаваат со производство, може значително да се зголеми со нивно здружување во земјоделски задруги. Сепак ваквиот начин на функционирање на земјоделски производители на пазарите долги години беше замрен. Во последно време се повеќе се зголемува интересот кај земјоделците и има се повеќе иницијативи кои потекнуваат токму од оние земјоделци кои се занимаваат со ист вид на производство.

Еден успешен пример за здружување во земјоделски задруги е земјоделската задруга ПРЕСПА АППЛЕ од с. Асамати Ресен, а денешното интервју го правиме со менаџерот Агрон Реџепи

Агротим: Кога ја формиравте вашата Земјоделската задруга, и ако дојдовте на идејата да формирате земјоделско задруга?

Агрон Реџепи: Земјоделската задруга ПРЕСПА АППЛЕ е формирана пред неполна година. Седиштето на задругата е во с. Асамати општина Ресен. Идејата за формирање на задруга беше од порано, меѓутоа поради скептицизмот кој владее во нашите простори каде што земјоделците од постарите генерации немаат баш добро искуство од задругите или кооперативи како тие ги знаат го одлагавме формирањето додека не се створи терен после долги убедувања кои бенефиции им следуваат на земјоделците и производителите што членуваат во ваквите здруженија.


Агротим: Дали претходно се информиравте за предностите што ги дава формирањето на земјоделска задруга или го следевте примерот на некој друг

Агрон Реџепи: Се разбира дека пред да пристапиме кон формирање на земјоделската задруга претходно добро ги проучивме и на членовите им ги презентиравме предностите кои ги носи ваквиот вид на здружување. Ги знаеме добро сите погодности и олеснувања при
пристап во ЕУ фондовите, им објаснивме на членовите која е моќта на едно здружение, колку е полесно да се продаде производот како здружение и колку е полесно да се постигне посакуваната цена која години наназад е еден од најголемите проблеми на секој производител. Се разбира и дека побаравме и помош и дополнителни
информации од постарите задруги со кои имаме одлична комуникација и соработка.

Агротим: Колку членови брои вашата Земјоделска задруга и како ви се поделени обврските?

Агрон Реџепи: Земјоделската задруга ПРЕСПА АППЛЕ моментално брои 24 членови – основачи кои го сочинуваат и собранието на здружението, собранието избира тела на задругата, надзорен одбор и управен одбор а управниот одбор избира менаџер на земјоделската
задруга. Според статутот сите членови – основачи имаат исти права и учествуваат во работата на задругата, а управниот одбор кој исто така е и менаџерски тим на задругата носи одлуки за делувањето на истата. Во наредниот период ќе пристапиме кон примање на нови членови во нашата земјоделска задруга бидејќи има голем интерес од
професионални и сериозни производители – земјоделци, а вратите на нашето здружение за таквите професионалци се широко отворени.

Агротим: Дали имате одредени поволности од страна на МЗШВ и воопшто кои предности ги имаат земјоделците во Земјоделски задруги?

Агрон Реџепи: Се разбира дека поволностите од страна на МЗШВ за земјоделските задруги се малку поинакви отколку за индивудуалните земјоделци, според досегашното искуство преку МЗШВ, секторот за Земјоделски задруги досега се реализирани голем број предавања,
семинари, посети на саеми, земјоделски задруги од земјите од регионот и слично. Од кои активности членовите учат и ги гледаат во пракса поволностите и моќта на земјоделските задруги од поширокиот регион. Кога зборуваме за предности и поволности кои ги имаат земјоделците како членови на земјоделски задруги мислиме
на поволностите за пристап до грантови и фондови финансирани проекти од ЕУ. Сите знаеме дека во овој момент ЕУ во областа на земјоделието дава големи средства во облик на грантови за земјоделски задруги како би стимулирале формирање на поголем
број на здруженија и зачленувања на производители во истите. Се разбира и процентот на кофинансирање од ИПАРД фондовите е поголем ако за одредени проекти и механизации аплицира самата задруга, меѓутоа тука има некои нејаснотии и треба малку повеќе едукација од страна на платежната агенција како носител на тие проекти.


Агротим: Што мислите дека треба да се направи за да се надминете нашиот менталитетет кој не е баш наклонет кон заедништво?

Околу ова прашање мислам дека најпрво треба да се почне со едукација и предавања односно да им се стави до знаење на производителите дека нема иднина без здружување. Треба да им се објасни колкава моќ имаат како група и колку се немоќни
како индивидуи односно единки. Земјоделците треба да сватат дека кога се сами многу лесно се манипулираат и апсолутно како единки никогаш нема да постигнат цена со која ќе им се исплати нивниот труд, додека како здружение имаат контрола на цел тој процес.


Агротим: Кои се приоритетите на работење на вашата земјоделска задруга?

Агрон Реџепи: Приоритет на Земјоделската задруга ПРЕСПА АППЛЕ е изградба на складишен дистрибутивен центар за складирање на јаболкото. Нашата примарна цел е во наредните 3-4 години да го изградиме тој центар за складирање на околу 3000 тони
јаболко во УЛО комори. Се разбира дека тоа е една доста голема инвестиција која бара голем напор, енергија и финансиски средства. Но се разбира кога сме повеќе производители здружени и со кофинансирање со грантови од ЕУ и ИПАРД фондот сето
тоа и не е толку тешко изводливо. Моментално сме во фаза на проектирање, имаме и локација која ќе премине на име на Земјоделската задруга и се надевам дека за брзо време ќе започнеме со првите активности околу реализација на овај проект.


Агротим: Како се одвива пласманот годинава, каде ги продавате јаболкат?

Агрон Реџепи: Оваа година Земјоделската задруга ПРЕСПА АППЛЕ имаше доста голем и квалитетен производ. Моментално привршуваме со бербени активности. Дел од овогодинашната
реколта се складира и еден добар дел се продаде со организиран откуп на неколку откупувачи за складирање. Се разбира дека договорите со тие откупувачи се одвиваа преку менаџментот на задругата.

Агротим: Кои се вашите планови за во иднина?


Агрон Реџепи: Како што кажав погоре, плановите ни се изградба на складишен простор, модернизација на дел од застарената механизација и проширување на членството во задругата.


Агротим: Што би им препорачале за земјоделците?

Агрон Реџепи: На сите земјоделци би им порачал да размислат и да сватат дека нема иднина без здружување. Да седнат да се договорат и час поскоро да почнат или да формираат задруги или да пристапуваат на веќе постоечки задруги.


Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Агрон Реџепиземјоделски задругиПРЕСПА АППЛЕ
Претходен напис Кампања – Безбедно возење со трактор во кумановски села
Следен напис Кавадарчани да внимаваат каде истураат комиње, засега само опомени, но ќе следуваат и санкции!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?