Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кампања – Безбедно возење со трактор во кумановски села
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кампања – Безбедно возење со трактор во кумановски села
Агровести

Кампања – Безбедно возење со трактор во кумановски села

Објавено 21/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјоделците – возачи на трактори од кумановското село Табановце, добиваат рефлексивни налепници со кои ќе бидат повидливи на патиштата за останатите учесници во сообраќајот, а со тоа и побезбедни. Активностите се реализираат во организација на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишттата, општинскиот совет за безбедност во сообраќајот и отсекот за превенција од СВР Куманово.

– Досега налепници поделивме на земјоделците – возачи на трактори од селата Умин Дол и Табановце. Наредните денови продолжуваме во руралните средини за безбедно учество на земјоделската механизација на патиштата. Возачите на трактор се меѓу најранливите во сообраќајот. Апелираме до останатите учесници да ги почитуваат правилата, да имаат повеќе трпение за возачите на трактор кои ги користат регионалните патни правци за движење до нивите. Исто така апелиравме до возачите на трактор, особено да внимаваат на правилата и прописите, за нивна и безбедност на останатите учесници во сообраќајот – вели секретарот на општинскиот совет за безбедност во сообраќајот, Бојан Петковски.

Полицијата и припадниците на советот за безбедност во сообраќајот одржуваат кратки едукативни предавања за безбедно учество во сообраќајот на трактористите во руралните подрачја во Кумановско.

– Механизацијата мора да е во исправна состојба, а возачите да внимаваат при вклучување од нивите на патиштата. Земјоделците се свесни за застојот што го предизвикуваат во сообраќајот и велат дека секогаш кога е можно оставаат доволно простор безбедно за безбедно престигнување – нагласуваат оттаму.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:безбедносткампањакумановски селаТрактор
Претходен напис Владата препорача исплата на октомвриските пензии од 27 октомври
Следен напис Агрон Реџепи: Заедно сме посилни и помоќни!Земјоделците да седнат да се договорат и час поскоро да формираат задруги или да пристапуваат на веќе постоечки задруги
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?