Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Tест на слепо во редакцијата на „Јутарњи лист“: Македонските рецепти за ајвар – најдобри!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Tест на слепо во редакцијата на „Јутарњи лист“: Македонските рецепти за ајвар – најдобри!
МагазинПазари

Tест на слепо во редакцијата на „Јутарњи лист“: Македонските рецепти за ајвар – најдобри!

Објавено 20/10/2020
Сподели
16 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За вкусовите не треба да се расправа, a уште помалку за омилените ајвари. Додека некои го сакаат само оној што ќе го направат сами или пак го обожаваат бабиниот, теткиниот односно сакаат само ајвар направен дома, оние кои имаат недостаток на време ( бидејќи правењето на ајвар не е работа од половина час), секогаш имаат свој фаворит на рафтовите во продавниците. А за оние кои сеуште не успеале да го пронајдат вистинскиот , редакцијата на хрватскиот портал Јутарњи.хр реши да ги испроба сите ајвари кои можат да се најдат во поголемите трговски центри, продавници за здрава храна и малите дуќанчиња. Од рафтовите одбирале само благи ајвари (освен еден лут, кој залутал во кошницата), а треба да се напомене дека тестирале на слепо, односно членовите на жирито не знаеле од кој производител е ајварот што го јаделе. Етикетите, состојките и производителите , ги прочитале дури откако завршиле со дегустацијата.

Уште на самиот почеток издвоиле пет ајвари кои вредат за препорака, оние кои никого не оставиле рамнодушен, и неколку издвоиле и неколку кои никому не би ги препорачале.

Факт е дека сите членови на жирито сакале густи, кремасти ајвари, така да оние водлестите уште на самиот старт слабо поминале, а најголемо изненадување им било тоа што сите се согласеле дека македонските рецепти се најдобри! Биле изненадени и од фактот дека најдобра оценка добил ајварот кој е направен само од пиперки. Интересен е и фактот дека на некои етикети нема наведено производител, а откриле и тоа дека големите мајстори користат исти производители. Со други зборови, под различни етикети, изгледа, купувате ајвар од иста адреса.

Во продолжение прочитајте каков заклучок донесле дегустаторите на 21 различен ајвар, и каков коментар напишале за секој од нив:

„К плус“- благ ајвар

Состојки: патлиџан, пиперка, концентрат од домати, сол, оцет, шеќер. Прозиводител: ENNA, Хрватска

Водлест и премногу се чувствува миризба на оцет. Заклучок е дека не е вкусен. Нема никаква мрснотија. Смесата изгледа како да била замрзната, па после одмрзнувањето се одвоила течноста. Не е солен, ниту лут, без карактер, всушност, не остава впечаток.

„Домашен “ благ ајвар

Состојки: пиперка, патлиџан,сончогледово масло, шеќер, сол, оцет. Земја на потекло : Македонија

Густ, кремаат, мириса на вистински ајвар. Но, се чувствува дека содржи премногу патлиџани, а премалку пиперки, која скоро и да не се чувствува. Сепак, се чувствува дека зеленчукот пред подготовка е печен, па потсетува на домашниот. Би го купиле но само ако немаме друг избор.

Ајвар благ- нашето најдобро ми одговара

Состојки: патлиџан, пиперка, концентрат од домат, сол, оцет, шеќер. Производител: ENNA, Хрватска

Водлест, малку повеќе кисел, силно се чувствува пиперката, а спред мислењето на некои членови на жирито ја има дури и премногу. Дури и под забите се чувствуваат семките од пиперка, што баш и не е пријатно. Бидејќи има помалку патлиџан му недостига маснотија. Се чинеше дека течноста се одвојува од сувиот дел. Не би сакале да го имаат дома.

„S Budget“ – благ ајвар

Состојки: пиперка, патлиџан, сончогледово масло, шеќер, концентрат од домати, сол, оцет, зачини со природна арома на лук.

Производител: не е наведен.

Почетокот е добар: не мириса премногу на оцет, туку онака како што би требало – на ајвар. Но, земајќи го со лажиче, заклучуваме дека е многу растеглив, како лепак, коментираше една членка на жирито. На еден член на жирито му беше многу редок, бидејќи, како што рече, кога мајка му го правела бил кремаст. Како да му фали маснотија и некоја „структура“. При повторно пробање, се чувствува горчина, иако, судејќи според се, ајварот не е произведен од пржен зеленчук. Не сме воодушевени и не би го купиле. 

Ајвар благ – Biovega

Состојки: пиперка, патлиџан, кромид, јаболков оцет, ладно рафинирано сончогледово масло, морска сол, лук, (целокупниот зеленчук е органски).

Производител: Bio-Zrno, Хрватска

Силно се чувствува миризбата на лукот. На изглед се разликува од останатите ајвари. Повеќе наликува на салца. После дегустацијата сите едногласно рекоа НЕ. Односно, вкусот неличи на ајвар, туку на домашен сос на кој само му недостасува тестенина и најгоре малку рендано сирење. Нема препознатлив вкус на ајвар.

„Подравка“- благ ајвар пржен делиактес

Состојки: 12 видови на пиперки, патлиџани, сончогледово масло, шеќер, алкохолен оцет, кујнска сол, лук, лути феферони. Вегански производ.

Производител: Podravka, Хрватска.

Пред да проба жирито заклучи дека ајварот има убава, интензивна, полна боја, па изгледа дека е многу сочен и те мами да пробаш. Одлучивме да пробаме: не е лош, едногласно заклучивме, но според нашиот вкус, премногу се чувствува пиперката, а премалку патлиџанот. Наидовме и на многу лушпи, па на некои тои им сметаше. Двајца членови на жирито изјавија дека по пробувањето имаат горчина во устата.

КАКО ДОМАШЕН: „Mama’s“ благ домашен ајвар, според рецептт на мама Марија

Состојки: печена пиперка, печен патлиџан, сончогледово масло, кујнска сол.

Производител: Trgoprodukt, Македонија

– Е, ова личи на мојот домашен ајвар – коментираше една членка на жирито. Вака изгледаа јаварите на мојата баба – додаде друга, а третиот член на жирито на шала додаде како не личи на неговиот ајвар бидејќи…. тој никогаш нити правел, туку секогаш според препорака купува некој. После пробата, заклучил дека овој сигурно ќе го купи. Густ, но доволно кремаст, се чувствува дека зеленчукот пред мелење е печен на отворен оган. Потполно е поинаков од останатите, бидејќи повеќето беа пастеризирани а овој е запечен. Одличен е, сите ќе го купиме!

Благ, но вкусен: „DROGA“- благ пржен ајвар

Состојки: пиперка, сончогледово масло, шеќер, оцет, зачини. Производител: Droga, Словенија  

– Колку интензивна боја! Како да ќе свети во темнина! Бојата ми е сомнителна! – беа коментарите пред пробувањето. Најпрво го помирисавме: мириса на ајвар. Потоа се уверивме дека не е се во изгледот, бдејќи ајварот е многу вкусен. Подоцна, кога ја прочитавме етикетата после пробата на слепо, заклучивме дека е подготвен само од пиперки. Иако, на некои им беше премногу редок, малку преблаг, и покрај недостатоците, многумина и би го купиле.

За љубителите на луто: „Гурмано“, ајвар само од лути пиперки

Состојки: печена црвена пиперка, сончогледово масло, зачини. Производител: Krompatin, Македонија

Купувајќи ајвари за овој тест, земавме од рафтовите благи но ете ни се протна и еден лут. Најпрво го оценувавме изгледот, кој е добар, токму како што мора да изгледа ајварот- ниту прегуст, ниту премногу редок. За време на пробувањето, не изненади лутината, но оние кои поднесуваат луто беа многу задоволни со неговиот вкус. Се слушна и коментар дека недостига патлиџан (иако не знаевме додека пробувавме дека е само од пиперки).

„Ајвар“- Greencajg

Состојки: пиперки, патлиџан, лук, сончогледово масло, сол,  бибер, чили.

Производител: Smid, Хрватска

Со изгледот се издвојуваше во целост од останатите примероци за тестирање. Како да е направен од домати и пиперки. Некои челнови на жирито посочија дека им изгледа како песто од сушени доамти. Со мирисот не оставаше некој позитивен впечаток,  а после пробата уште помалку. – Ова не е ајвар, уште помалку песто… ова е смеса без конкретен вкус. Не ни се допаѓа.

Секако купете го:„ Bakina tajna“, домашен благ ајвар

Состојки: печена црвена пиперка, сончогледово масло, алкохолен сцет.

Производител : Atlantic Štark, Белград

Изгледот ветува: како домашен ајвар, можеби со малку поинтензивна боја (дознавме подоцна дека е направен само од црвени препржени пиперки). После пробување, останавме многу задоволни. Големите парчиња пиперки потсетуваат на вистинските домашни ајвари, а според текстурата не недстигаат патлиџани. Единствено се чувствува вкусот… како да е полесен од останатите ајвари кои ги пробавме… Мммм, веќе се замислувам како го јадам со добра плескавица – рече една членка на жирито.

„Ајвар“- благ пастеризиран

Состојки: пиперка, патлиџан, сончогледово масло, шеќер, концентрат од домати, сол, оцет, зачини.

Производител: Marinada, Слатина

Додека стоеше во чинијата за проба, течноста почна да се одделува од мелениот дел, па веднаш заклучивме дека е премногу воден. После пробата, сите членови на жирито се сложија дека премногу се чувствува пиперката, а недостига онаа кремаста текстура која ја дава патлиџанот. Заклучивме дека премногу се чувствува киселината, а еден член на жирито додаде дека вкусот го потсетува на кисела пиперка, која си ја изблендирал и глумиш дека е ајвар.

Kania „Ajvar mild“ Lidl

Состојки: пиперка, патлиџан, сончогледово масло, шеќер, сол, лук, лути феферони, оцат.

Производител: непознат од Македонија.

Со густа текстура, но при порбување, се сложивме дека има премалку патлиџан односно дека преовладува пипрката. Во устата во исто време се чувствува сладок и горчлив вкус. Иако ни изгледаше дека е со густа текстура, се разочаравме, бидејќи во устата силно се одвојуваа мелените делови.- Не е нешто- додаде еден член на жирито, а се сложивме дека не би го препорачале. Како да е без душа, празен, направен без љубов.

„Everydays“ благ, пржен ајвар

Состојки: печена црвена пиперка, патлиџан, сончогледово масло, шеќер, сол, лимонска киселина.

Производител: непознат, Македонија

Додека ајварот стоеше во чинијата за проба, забележавме дека се издвои течноста од мелениот зеленчук. Мирисаше само на пиперка, а после пробување, следуваше разочарување. Не ни беше вкусен: прекисел, а вкусот сугерираше на стоено или дека можеби е направен од презреан зеленчук. Откако го пробавме, испивме многу вода за да се ослободиме од незгоднито вкус во устата.

„Greenfood“ органски ајвар classic

Состојки: пиперка, патлиџан, сончогледово масло, сол, (состојки од органско потекло, вегански производ).

Производител: Eko-Grup, Кавадраци, Македонија  

Со изгледот не се издвојуваше прменогу од останатите ајвари кои ги распоредивме по чиниите за проба но кога го зедовме со лажичињата за да го пробаме, но и кога го помирисавме подоцна заклучивме дека мирисот овој пат не не измами. Вкусот на масло ги покри сите состојки колку и да беа добри тие. – Како пластична смеса, како палстелин – додаде еден член на жирито. Друг пат сигурно нема да го купиме!

„Ajvar“

Состојки: пиперка, патлиџан, оцет, шеќер, лук, масло.

Производител: Земјоделец Николина Лучиќ, Бешлинец

Научивме дека јаварите се кремасти, а овој е премногу воден, како густа супа, додаде некој. Земајќи го со лажичињата, заклучивме дека не потсетува на детска кашичка. Потоа следуваа коментарите: кисел, премногу кисел, вкус никаков. Не ни остави пријатен вкус во устата па  моравме да го измиеме со малку вода. На пријателите сигурно нема да им го препорачаме.

„Zvijezda“ благ ајвар

Состојки: пиперка, патлиџан, сончогледово масло, шеќер, концентрат од домати, сол, оцет, зачини, екстракт на лук.

Производител: Marinada, Слатина

Изгледот не не воодушеви претерано: личеше на кашичка, но при пробата заклучивме дека ајварот е повкусен отколку што изгледа. Како нешто да му недостига за да го заокружи? Можеби му недостига патлиџан, додаде некој. Вкусот не е интензивен, па ќе го сакаат најверојатно оние кои не сакаат силни вкусови, но ниту конкретни, вистински ајвари.

Благ и многу вкусен: „Pet Bel Natura“, ајвар печен благ  

Состојки: пиперки, патлиџан, феферони, сончогледово масло, сол, бибер.

Производител: OPG Birač, Загреб

Со изгледот бевме доста задоволни па и го помирисавме. – Мириса на вистински ајвар, а да не те удри киселната – коментираше еден од членовите на жирито. После пробата, заклучивме дека се работи за вкусен ајвар на кој не може да се најде мана. Сигурно повторно би отишле да го купиме, а го зачувавме за сервирање со добри ќебапи. 

„Doora Ajvar“ благ

Состојки: пиперка, патлиџан, сончогледово масло, концентрат од домати, сол, оцет, лук, зачини.

Производител: Marinada, Слатина

Изглед: просечен, мирис, ништо посебно но после пробата, следуваа коментарите: – Да го купам, би била многу разочарана. Храната не се фрла па на сила би го јадела, но повеќе не би се нашол во мојата торба- рече една членка на жирито. Вкусот во устата ни остана кисел, како да има премногу оцет. Овој ајвар не поседува никакви карактеристики кои би не воодушевиле па не би го препорачале на пријателите.

„Natureta ajvar“

Состојки: пиперка, патлиџан, масло, сол, шеќер, оцетна киселина, зачини.

Производител : ETA, Kamnik, Словенија.

Изгледот не е кремаст и бојата, која е премногу портокалова, односно црвена, не ни дадоа преголема надеж. Се потврди тоа и при пробата, каде челновите на жирито едноставно заклучија дека ајварот има многу чуден вкус. Се чувствува само пиперка но како што спомна некој, лошо зготвена пиперка. Како да јадеш закислена пиперка од тегла која е само сомелена. Не ни беше вкусен.

ЧИСТА ПЕТКА! ДОБРА ХРАНА ПРЕПОРАЧУВА:

„K plus“ ајвар благ, македнски рецепт

Состојки: печена црвена пиперка, печен патлиџан, масло, шеќер, сол. Оцет.

Производител: DIM komerc, Валандово, Македонија

Изгледот не воодушеви: како домашен ајвар, а оние црни зрнца не потсетија дека навистина е направен од печен зеленчук на отворен оган. Кога го грабнавме со лажичката за проба, бевме задоволни со неговата полна,кремаста структура. – Вкусен е, секако, многу вкусен. Да се испразни од оваа и да се стави во друга тегла, би можел да се подметне како домашен ајвар, кој би сакале обилно да го намачкаме на леб и да уживаме во него. Со големо задоволство го  пробувавме.

Извор: Јутарњи.хр

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:ајварвкусмакедонски ајваррецепт за ајвартест
Претходен напис „Молдавија“, „темјаника“ и „шардоне“, најбарани лозови калеми за есенско садење лозја
Следен напис Google во земјоделството: Роботот „Минерал“ ќе го промени начинот на производство на храна?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?