Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Викендот без ДДВ остварен промет над 500 милиони денари, двапати поголем од претходните три дена
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Во Викендот без ДДВ остварен промет над 500 милиони денари, двапати поголем од претходните три дена
Агровести

Во Викендот без ДДВ остварен промет над 500 милиони денари, двапати поголем од претходните три дена

Објавено 13/10/2020
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Согласно податоците од Управата за јавни приходи во деновите 10, 11 и 12 октомври кога се спроведуваше мерката од четвриот пакет Викенд без ДДВ, прометот изнесува 526 милиони денари, а враќањето на ДДВ кон граѓаните за купени македонски производи, услуги и компјутерска опрема досега е 63,4 милиони денари.

Ова, како што информираат за МИА од УЈП, е согласно скенираните сметки преку апликцијата Мој ДДВ, која беше приспособена за реализација на оваа мерка.

-Согласно овие податоци вкупниот промет од македонски производи во деновите без ДДВ на 10,11 и 12 октомври , споредено со претходните три дена на 7,8 и 9 октомври е зголемен двапати, оценуваат од Управата за јавни приходи.

Оттаму очекуваат измени до завршување на рокот за скенирање на фискалните сметки, бидејќи фискалните сметки од Викендот без ДДВ се скенираат во рок од три дена по издавањето на сметката, што значи дека сметките издадени на 10 октомври може да ги скенираат заклучно со денеска, сметките од 11 октомври се скенираат заклучно со утре, односно 14 октомври 2020 година и сметките издадени на 12 октомври се скенираат заклучно со 15 октомври.

Викендот без ДДВ, е мерка од четвртиот пакет антикризни мерки во која граѓаните имаа можност да купат македонски производи и услуги и компјутерска опрема при што ќе им биде вратен целосно пресметаниот ДДВ.

Секој граѓанин можеше во овие три дена да добие поврат на целиот ДДВ за направен вкупен промет до 30.000 денари. За тоа требаше да ги земе фискалните сметки и во рок од три дена од издавањето на сметката да ја скенира преку апликацијата Мој ДДВ. За да се реализира целиот поврат на фискалната сметка производите треба да бидат раздвоени и означени како македонски.

За прометот над 30.000 денари што го оствариле граѓаните во овие три дена важат воспоставените правила за поврат на 20 отсто од платениот ДДВ за домашните производи и услуги и 10 отсто за странските, а повратот ќе се врши по истекот на тримесечјето.

Парите од пресметаниот ДДВ за прометот во Викендот без ДДВ на граѓаните ќе им бидат вратени до крајот на месецот на нивната трансакциска сметка.

Целта на оваа мерка, која претставува и почеток на реализација на четвртиот пакет антикризни мерки вредни 470 милиони евра, е да им се даде можност на граѓаните да извршат целосен поврат на данокот на додадена вредност за прометот реализиран преку фискални сметки издадени за периодот 10, 11 и 12 октомври.

Проценките се дека со оваа мерка кај граѓаните ќе се слеат 17.000 милиони евра, а целта е да се поттикне прометот на домашни производи и услуги, како и заради зголемена дигитализација на нашето општество.

Оваа мерка можеа да ја искористат околу 350 000 граѓани кои се регистрирани во системот на Управата за јавни приходи за скенирање фискални сметки.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:викендВикенд без ддвддвпоголем промет
Претходен напис Арјанит Хоџа:Инвестиција од 22 милиони евра за решавање на проблемот со вода за пиење и наводнување во Липково
Следен напис Протест на полските земјоделци поради предлог законот за животни
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?