Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Заев-ЕБОР: Продолжува соработката со интензивирање на проектите економски развој
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Заев-ЕБОР: Продолжува соработката со интензивирање на проектите економски развој
Агровести

Заев-ЕБОР: Продолжува соработката со интензивирање на проектите економски развој

Објавено 13/10/2020
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Зоран Заев денеска оствари средба со делегација на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) предводена од регионалната директорка на Западен Балкан, Жужана Харгитаи и директорот на канцеларијата во Скопје, Анди Аранитаси.

На средбата е изразена јасна волја за продолжување на соработката со воспоставената динамика, со акцент на имплементацијата на тековните проекти кои обезбедуваат развој на економијата и го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните.

Потенцирано е дека продолжува поддршката за реализација на проекти во патната и железничката инфраструктура, енергетската инфраструктура, гасификацијата, како и на проекти за почитување на стандардите за заштита на животната средина и поддршка на малите и средни претпријатија.

-Беше изразена подготвеност за интензивирање на соработката во насока на унапредување на поврзаноста на регионално ниво, со соседните земји, со цел подобрување на економскиот раст и покрај здравствено-економската криза предизвикана од пандемијата со КОВИД-19, информираат од Владата.

На средбата е поздравено објавувањето на Економско-инвестицискиот пакет за Западен Балкан, од страна на Европската Унија и оценето е дека регионалниот развој и соработката меѓу земјите ќе придонесе за подобрување на условите за инвестирање и отворање нови работни места.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЕБОРЕвропска банкаекономски развојзаев
Претходен напис Светот прави „безбедносни залихи на храна“
Следен напис Хидросистемот „Стрежево“ успешно ја заврши сезоната за наводнување
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?