Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хидросистемот „Стрежево“ успешно ја заврши сезоната за наводнување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хидросистемот „Стрежево“ успешно ја заврши сезоната за наводнување
Агровести

Хидросистемот „Стрежево“ успешно ја заврши сезоната за наводнување

Објавено 13/10/2020
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Јавното претпријатието „Стрежево“-Битола, во извонредно сложени услови, оваа година максимално, одговорно и навремено управуваше со хидротехничките објекти и успеа да обезбеди оптимални услуги на корисниците на вода за наводнување на земјоделските површини.

Оваа сезона за наводнување се искористени 27,3 милиони метри кубни вода, а сезоната траеше две седмици подолго од минатата 2019 година (поради сушниот период во месец септември и почетокот на октомври), кога за истата намена се потрошени 32,3 милиони метри кубни вода. Регистрирани се над 7700 корисници, а притоа во 2020 година, рекордно се евидентирани и наводнувани повеќе од 5500 хектари земјоделски површини.

„Согласно погоре наведеното, годинава можеме да ја окарактеризираме како најуспешна за претпријатието во овој исклучително значаен сегмент. Пред сезоната за наводнување вложивме нова и современа хидромеханичка опрема и воспоставивме одржлив и ефикасен систем каде лоцирањето и навременото санирање на дефектите беше врвен приоритет. Во 2020 година имавме помалку дефекти на главните цевководи или во споредба со претходната 2019 година бележиме процентуално намалување за 280 проценти. Како показател за значењето на санацијата на дефектите на главните цевководи само ќе напоменам дека со санирање на еден главен цевковод се ставаат во функција 30 делнични цевководи. Ја зголемивме ефикасноста во санирањето на лоцираните дефекти на деталната цевководна мрежа. Загубите на вода беа сведени на минимум, а штедењето на водата беше максимално“- вели директорот на ЈП „Стрежево“ Битола, Менде Граматковски.

„ЈП „Стрежево“ – Битола ја подобри состојбата со одржување на инфраструктурата и објектите во рамките на хидросистемот, ја унапреди ефикасноста и одржливоста на постоечкиот модел на управување, а главниот акцент беше насочен кон подигнување на степенот на задоволување на потребите на водокорисниците, како приоритетен и неминовен процес во реализацијата на еден од клучните фактори во подобрување на севкупното земјоделско производство.

Со задоволство можеме да резимираме дека тековната сезона храбро се соочија со сите водостопански предизвици, а пред се, ги презедоа сите потребни мерки и активности од перспектива на користењето на водните ресурси, кои се однесуваат на стопанисување, користење и одржување на хидросистемот.

ЈП „ Стрежево“ Битола, допринесува за квалитетно и квантитетно земјоделско производство.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ЈП „ Стрежево“Менде Граматковскинаводнување
Претходен напис Заев-ЕБОР: Продолжува соработката со интензивирање на проектите економски развој
Следен напис Анкета на НБ: Економските аналитичари очекуваат постепено надминување на кризата и закрепнување во следните две години
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?