Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Kолекција од 4.000 кактуси – што е потребно за нивно одгледување?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > Kолекција од 4.000 кактуси – што е потребно за нивно одгледување?
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОСовети

Kолекција од 4.000 кактуси – што е потребно за нивно одгледување?

Објавено 13/10/2020
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Одгледувањето на кактуси не бара многу ангажман бидејќи припаѓаат во групата на најотпорни растенија. Сепак, колку ќе растат и колку ќе цветаат, зависи од тоа колку и како сопственикот се грижи за нив. Без разлика дали кактусите  се големи или мали, тие секогаш се оригинални, декоративни, а посебна вредност имаат кога ќе процветаат.

Вака ја почнуваат приказната скоро сите љубители на овие мали бодликави растенија. Слаѓана Танасијевиќ,  својата колекција на кактуси ја надополнува веќе 20 години. На почетокот имала само неколку парчиња, а како се зголемувал интересот, започнала да истражува на интернет и да ги купува.

– „Сега имам колекција од околу 4.000 кактуси. Успеав да набавам и да одгледувам повеќе од 1000 различни сорти на катуси, а ги засакав поради нивната разноликост, декоративните боцки и цветовите“, вели таа нагласувајќи дека немаат големи барања, а за да бидат здрави, атрактивни и за да цветаат потребно е да им се обезбедат одредени  услови за раст. Бараат сонце во текот на летото и супстрат кој мора да овозможи вишокот на вода што поскоро да истече од саксијата за земјата побрзо да се исуши.

Подготовката за зимскиот период подразбира хемиски третман

Исто така, клучна улога игра и водата, односно залевање еднаш неделно во текот на летните месеци.

– „Од март до октомври кактусите се во дворот, а во текот на септември кога се послаби и поретко ги залевам практично почнуваат подготовките за зима. Тоа подразбира и хемиски третман со фунгициди и акарициди. Растенијата мора да бидат целосно здрави и суви и само такви можат да се внесат во куќата во спротивно ако се влажни можат да скапат или да ја изгубат формата. Едноставно се искривуваат. Оптималната температура во просторијата каде кактусите презимуваат треба да биде од 5 до 10 степени за да мируваат. Не им е потребна светлина “, вели Слаѓана.

Ги размножува вегетативно

Со оглед на тоа дека размножувањето на кактусите од семка е долготраен процес  и  потребни се три до четири години за да порасне како мало растение, најчесто ги размножува вегетативно.

– „Саксијата во која расте кактусот  мора да биде само малку поголема од растението за коренот да „не шета“,  а кога кактусот го допира крајот на саксијата, време е за пресадување. Обично со прсти полеко го фаќам кај коренот, каде помалку има боцки и полека го пресадувам во друга саксија така да биде оддалечен еден сантиметар од ивицата. Не ми е проблем ако се боцнам, жал ми е ако во тој момент скршам или скинам некоја боцка“, вели оваа жена, додавајќи дека сите љубители на овој вид на растенија  се добри и насмеани луѓе, дека сеуште не сретнала некој кој има колекција со кактуски,  а да не е со ведар дух и секогаш расположен за приказна, корисни совети, прашања, без разлика  дали е доктор на науки или работник…

Сака да ги изложува на разни манифестации

За Слаѓана, садењето, наводнувањето и негата на кактусите е најубаво хоби, затоа вели и не се оптеретува со продажба.

– „Понекогаш сакам одредена  колекција да ја однесам на некоја манифестација и да се сретнам со други одгледувачи. За нив секогаш пронаоѓам време, им подарувам внимание и љубов, ги негувам со години и сваќам дека некои видови немаат цена. Едвај чекам да процветаат, да ме израдуваат со цвет со специфична убавина и мирис во кој може да се ужива најчесто само 24 часа, но има и такви кај кои цветот трае неколку дена, вели оваа градинарка и додава дека често кога оди на работа со себе го носи и кактусот кој треба да процвета за да не и избега тој скапоцен момент.

Своите мали „миленици” ги чува на прозорец или во дворот и кога може го посматра овој момент на отворање на цветот потоа го слика безброј пати. Себеси еден ден се гледа во голем пластеник преполн со кактуси.

Извор: Аgroklub.com

Може да ви се допадне

Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Пет причини зошто да изберете ОСИГУРИТЕЛЕН БРОКЕР!
Примена на фертиригација кај овошните насади
Cydia pomonella (Јаболков црв) – најзначаен економски штетник во овошните насади
Таг:кактусиодгледувањеусловихоби
Претходен напис КТВ: Министерот Арјанит Хоџа во посета на Тиквешијата, откупот на грозјето е при крај
Следен напис КАРФИОЛ – толку малку калории, а колку многу хранливост!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?