Го искористив денешниот ден за да бидам во општините од тиквешијата за одблиску да се информирам околу завршувањето на откупот на грозјето.
Иако оваа година, беше една од полошите години во лозарско – винарската индустрија, сепак успеавме со мерките на Владата да им излеземе во пресрет на лозаропроизводителите и да го ублажиме ударот кој го предизвика Ковид кризата и нарушениот пазар на вино.
За мерките и ангажирањето на Владата добивиме пофалби од страна на земјоделското здружение “Напредни лозари” со кого заеднички работевме од почеток на откупот.
Само партнерски однос помеѓу лозарите, винариите и државата може да има конкретни и долгорочни решенија за сигурен откуп. Ќе работиме во таа насока и во иднина.
