Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ФАО: Цените на храната во септември се зголемиле за пет проценти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ФАО: Цените на храната во септември се зголемиле за пет проценти
Агровести

ФАО: Цените на храната во септември се зголемиле за пет проценти

Објавено 09/10/2020
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Цените на храната, четврти месец по ред, во септември се зголемија на светските пазари, предводени од големото поскапување на растителните масла и житарките, соопшти денеска Агенцијата за храна на Обединетите нации (ФАО).

Индексот на ФАО за цените на храната во кошницата за основни прехранбени производи во септември се зголемил за пет проценти од ревидираната вредност во претходниот месец, на просечни 97,9 поени.

Минатиот месец најмногу се зголемиле цените на растителните масла, за шест проценти во споредба со август, достигнувајќи највисоко ниво во осум месеци благодарение на зголемената побарувачка за увоз на палмино масло и пониските резерви во Малезија.

Многу се зголемија и цените на сончогледовото масло, најмногу поради влошените изгледи за принос во регионот на Црното Море.

Цените на житарките скокнаа и за 5,1 процент, предводени од наглиот пораст на цените на пченицата поради зголемената побарувачка водена од загриженоста за производството на јужната хемисфера и сушата што негативно влијае на сеидбата на зимската пченица во Европа.

Во споредба со септември минатата година, цените на житарките се зголемени за 13,6 проценти.

МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:септемврифаохранацени
Претходен напис ЕУ одобри употреба на генетски модифицирана соја во храната за луѓето и животните
Следен напис После 25 години се чисти коритото на реката Шемница, во атарот на село Црнобуки
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?