Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: После 25 години се чисти коритото на реката Шемница, во атарот на село Црнобуки
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > После 25 години се чисти коритото на реката Шемница, во атарот на село Црнобуки
Агровести

После 25 години се чисти коритото на реката Шемница, во атарот на село Црнобуки

Објавено 09/10/2020
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во должина од 2700 метри се чисти течението на реката Шемница, во атарот на селото Црнобуки од страна на АД Водостопанство подружница „Битолско Поле“, по договорот склучен со Општина Битола, за темелно отстранување на дрвјата, корењата и отпадот, кој во овој дел не бил исчистен повеќе од 25 години, информираат од Општина Битола.

Паралелно со овој зафат, на терен се санираат ударните дупки на локалниот пат до селото и улиците во селото, од страна на екипите на КЈП „Нискоградба“ со топла асфалтна маса, на површина од над 120 метри квадратни.

Градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска, го посети селото Црнобуки и се сретна со локалното население. Тие изразија огромна благодарност за чистењето на речното корито, со што се избегнува опасноста од поплави и излевање на водата. Посочија дека со санацијата на патот, исто така им се олеснува секојдневното движење.

Градоначалничката посебно го потенцираше позитивниот ангажман на локалното население, кое самоиницијативно презема низа активности за подобрување на условите во селото, а општината им излегува во пресрет за дополнување на нивните барања. Заеднички разговараа и за останатите потреби на месното население, по што го посетија и подрачното основно училиште во кое се изведува настава од прво до петто одделение.

По средбата со месното население во Црнобуки, градоначалничката Петровска оствари работна средба со директорката на ОУ „Александар Турунџев“ во село Кукуречани, за да се запознае со тековните активности и евентуални проблеми при изведувањето на наставата, во новонастанатата состојба со КОВИД-19. Директорката Бранка Лазаревска рече дека во ова училиште наставата се одвива без проблеми од првиот ден на тековната учебна година.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:битолаОпштина БитолаЦрнобукиШемница
Претходен напис ФАО: Цените на храната во септември се зголемиле за пет проценти
Следен напис Да се засилат контролите за спречување на појавата на птичји грип
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?