Во однос на останатите житарици, пред се пченицата и јачменот, `ржта во нашиот регион се одгледува на доста помали површини. `Рженото брашно, како и останатите производи од `рж, се користат во мали количини токму поради фактот дека нашето производство е недоволно за да ги задоволи домашните потреби.
Со јакнење на свеста за значењето на правилната исхрана и здравата храна кај населението расте побарувачката и потрошувачката на производи од `рж, а како најзначаен производ секако се истакнува `рженото брашно.
Содржината на вкупни протеини кај `рженото брашно е пониска во донос на пченичното, кое кај нас најмногу се користи. Лебот од `рж е вкусен и хранлив, а покрај белковини содржи и витамини А, Б, и Е поради што се препорачува и на дијабетичарите.

Производството на `рж во земјите на ЕУ е значително поголемо од побарувачката па затоа преработката има тенденција на намалување. Најголеми производители во ЕУ се Полска и Гемрнаија, кои значителни количини извезуваат во Кина, Јапонија и Јужна Кореја.
Одгледувањето на `рж, нема некои поголеми барања во поглед на квалитетот на земјиштето. Растението има мнгоу добро развиен коренов систем и скромни барања во поглед на количината на вода и хранливите материи. Сево ова овозможува да се одгледува на сиромашни почви, на кои одгледувањето на другите житарици не би ги дало задоволителните резултати.

Сите претходно наведени факти, доведуваат до заклучок дека ова производство кај нас може да биде интересно. Скромните услови на одгледување и можност за пласман на `рж и `ржено брашно на пекарите, продавниците на здрава храна и супермаркетите може да претставува мотив производството на ѝрж да се зголеми.
Извор: Агроинфо
